- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

Абитебул: Нема посебен третман за Окон во однос на Рикардо

Даниел Рикардо си заминува од Рено на крајот од оваа тркачка сезона, но шефот на тимот, Сирил Абитебул, вели дека Естебан Окон нема да има посебен третман во меѓувреме.

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

Рикардо постигна договор со Мекларен како замена за Карлос Саинз и ќе вози за британскиот тим најмалку две сезони. Окон во меѓувреме ја започнува првата сезона од две договорени со францускиот тим. За 23-годишниот французин многумина веруваат дека може да стане водечки човек во тимот на подолг рок. 

Нема да има посебен третман кон Естебан во однос на Даниел по неговата одлука, бидејќи тоа не е наш начин на работа. Исто така не е потребно, ако сум искрен, бидејќи не се бориме за титула. Не би имало смисла, а Даниел ќе биде инволвиран во развојот на болидот.

Како што е нашата структура и бидејќи развојот е замрзнат помеѓу оваа година и наредната, Мекларен ќе мора да ги користат своите токени за интеграција на шасијата и моторот, нема развој, така што ќе имаме можност да работиме нормално со Даниел.

Единствено нешто што нема да споделиме со него се елементите за 2022 година – изјави Абитебул.

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

НАЈНОВО

🎥 Гасли гневен на пласманот

Пјер Гасли не можеше да го скрие разочарувањето во разговорот преку тимското радио со екипата по лошата трка на Силверстон. Упорно бараше објаснување и упорно...

РЕЗУЛТАТИ

Британија: Макс Верстапен ги победи Мерцедес

Макс Верстапен сам ги победи Мерцедес и ја донесе првата победа за Ред Бул на домашната трка од 2012 година кога Марк Вебер триумфираше...

популарно

Ферари ги решија своите проблеми, па сега се вмешаа во копирањето на Рејсинг Поинт

На ден пред сослушувањето од ФИА во однос на легалноста на болидот на Рејсинг Поинт, Ферари достави барање до Формула 1 барајќи...