Абитебул потврди: Рено надминаа 1.000 “коњи“

Рено ја надминале границата од 1.000 коњски сили уште пред некое време, потврди тимскиот шеф, Сирил Абитебул.

Минатиот месец, одговорниот за моторот на Рено од Вири, Реми Тафин, го потврди истото, што беше предмет на подсмевање од страна на Макс Верстапен од Ред Бул.

Па, ако тврдат дека имаат над 1.000 коњски сили, тогаш имаат многу лош болид – гласеше коментарот на Макс.

Но Рено имаа многу силен викенд во Монца и запрашан зошто, Абитебул го истакна следното:

Одговорот е моќ и отпорна сила.

Имаме моќен агрегат, нема сомнеж во тоа. Надминавме 1.000 коњски сили во трка уште пред неколку трки.

Знаеме дека некои се скептични и се шегуваат на наша сметка, Но мерењата и ГПС податоците го потврдија тоа. Не сме во можност постојано да ги користиме во целост поради ризикот по издржливоста.

Кога ќе го погледнете нашето ниво во Монтреал, Спа и Монца, не може да постојат критики. Ние сме критикувани за издржливоста, реалноста е дека почнавме со реогранизација во Вири во 2016 година и 3 години подоцна имаме врвен мотор.

Веќе посакуваме да сме на подобро ниво, но ќе биде потребно повеќе време – вели Абитебул.

НАЈНОВО

Хорнер открива: Хонда го испорача ветеното

Шефот на Ред Бул, Кристијан Хорнер, откри дека тимот конечно ги добил ветувањата од пред почетокот на сезоната од страна на својот нов партнер...
- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

популарно

Бахреин: Ферари се самоуништи и му подари победа на Мерцедес

Со многу среќа, со премногу среќа, Мерцедес стигнаа до нова 1-2 победа, втора за нив годинава на втората трка од календарот, а најзаслужни за...