Абу Даби, квалификации: Хамилтон со пол позиција, аматерство во Ферари

Луис Хамилтон стигна до последната пол позиција достапна во 2019 година на квалификациите за Големата Награда на Абу Даби. Тимскиот колега Валтери Ботас беше втор најбрз, но ќе стартува од последниот ред по грид казна за промена на агрегатната единица.

Со тоа, Макс Верстапен ќе стартува од втората позиција, додека Шарл Леклер ќе се намести на трето место пред Себастијан Фетел, иако последниот летечки круг беше неуспешен откако не стигна до линијата пред крајот на сесијата, уште еднаш годинава докажувајќи го невидениот аматеризам во Ферари. И самиот четирикратен шампион ја започна сесијата со неочекувана и дебитантска грешка, откако се изврте на стартно-целната рамнина по излез од последниот свиок на почетокот на својот прв летечки круг.

Алекс Албон беше шест најбрз во вториот болид на Ред Бул со 9 десетинки заостанување. Сите најбрзи во топ 6 ќе стартуваат со медиум Пирели, со исклучок на Фетел, кој со софт го постави најбрзото време во К2.

Ландо Норис беше најбрз од средината со седмо најбрзо време, победувајќи го Даниел Рикардо и неговиот тимски колега, Карлос Саинз, со кој до оваа сесија беа изедначени 10:10 во квалификациите.

Нико Хулкенберг со вториот болид на Рено го комплетираше топ 10.

Серхио Перез од Рејсинг Поинт беше елиминиран во последен момент од Хулкенберг, но поради казната за Ботас, ќе стартува од 11то место. Позади Перез се пласираа Пјер Гасли, Ленс Строл и Даниил Квјат. За Строл ова беше прв пат да избегне елиминација од првиот квалификациски сегмент на патеката Јас Марина.

Кевин Магнусен од Хаас беше десетинка побавен од Квјат, кој е под истрага поради небезбедно излегување од бокс во К1.

Роман Гросжан беше најбрз од тие кои први беа елиминирани во К1, а по него следеа Антонио Џиовинаци, Кими Раиконен, Џорџ Расел и секако загарантираното последно место за Роберт Кубица.

НАЈНОВО

Диетата на Хамилтон виновна за физичкиот и ментален успех

Луис Хамилтон понуди нови детали во врска со тоа како неговата диета базирана на растителна храна му помогнало да реши многу здравствени проблеми со...
- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

популарно

Вилнев смета дека Леклер ги задржувал Ферари сезонава

Жак Вилнев смета дека нетрпеливиот Шарл Леклер ги задржувал и забавувал Ферари оваа тркачка сезона. Никогаш недокажаниот Формула 1 првак од 1997 година смета дека...