Абу Даби: Луис во голем стил ја заврши сезоната

Во голем шампионски стил шесткратниот Формула 1 првак, Луис Хамилтон ја заврши оваа сезона откако водеше секој од 55те кругови на Јас Марина, освои пол позиција вчера и го постави најбрзиот круг на трката.

Макс Верстапен тргна од 2ро место, половина трка возеше на 3то, но имаше подобра стратегија од Скудерија и го победи Шарл Леклер, кој е под истрага иако финишираше на најниското место на подиумот.

Стартот беше интересен затоа што Леклер доста лесно го мина Верстапен, а обид за истото, но неуспешен имаше и Себастијан Фетел. Исто така, првиот круг донесе и контакт помеѓу Пјер Гасли од Торо Росо и Ленс Строл од Рејсинг Поинт кој заврши со тоа што французинотзагуби доста време за промена на предно крило. Ленс Строл секако дека имаше последици од истото затоа што во 48от круг стана единствен возач кој се откажа од денешната трка.

Кругот број 9 беше моментот кога Валтери Ботас влезе во поени иако почна од последно 20то место на гридот откко Мерцедес во два наврати променија мотор кај него.

Скудерија Ферари први се решија по промена на гуми и во 13от круг имаа двојно менување, Шарл Леклер промени од медиум на хард, а по него од софт на хард промени Себастијан Фетел во двојно менување кое не мина без проблеми при сервисот на германецот. Шарл загуби позиција од Верстапен и Ботас и се приклуи на 4то место, додека Фетел се врати на патеката на 8мо.

Александер Албон ја следеше стратегијата на Ферари и круг по итаијанците исто како и нив промени на хард.

Трката дури 18 кругови се возеше без ДРС и недостасуваа претекнувања се до 18от круг кога контролата на трка го реши проблемот и задното крило можеше да биде спуштано за дополнителна брзина.

Штом се овозможи користење н ДРС се разби колоната Хулкенберг – Ботас – Фетел – Албон. Финецот долго се мачеше позади Рено, но со ДРС експресно мина и се одлепи од останатите, Хулк влезе по нови гуми, а Себ и Алекс се разделија помеѓу себе.

При еден дуел на дното во кругот број 23 контакт имаа Џорџ Расел и Антонио Џовинаци, стјуардите го испитуваа, но решија да не казнат никој.

Водечките променија гуми на средина од трката, во 26от круг на хард промени Верстапен, а следниот круг истото го стори и Луис Хамилтон. По враќање на патеката, Макс често се жалеше на своите инженери дека нешто со неговиот болид не е во ред и бараше начин да го поправи.

Последен нови гуми од водечките доби Валтери Ботасдури  во 30от круг.

Шест кругови откако се врати на патеката Верстапен го напдана Леклер и го превзема неговото 2ро место кое го сочува до крајот на трката.

Скудерија се решија за второ менување кај своите возачи и тоа беше двојно, Леклер промени од хард на софт, секунди по него Себ исто така од хард, но на медиум. Ова менување за разика од првото двојно беше извршено без проблеми.

Круг пред крајот Себастијан го нападна и го мина Александер Албон превземајчи го неговото 5то место, последниот круг Чеко Перез го превзема 7то место на Ландо Норис, а Карлос Саинз 10то на Даниел Рикардо.

НАЈНОВО

Диетата на Хамилтон виновна за физичкиот и ментален успех

Луис Хамилтон понуди нови детали во врска со тоа како неговата диета базирана на растителна храна му помогнало да реши многу здравствени проблеми со...
- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

популарно

Леклер го задржува подиумот, 50.000 евра казна за Ферари

Шарл Леклер избегна дисквалификација од резултатот на трката во Абу Даби и ќе го задржи третото место на подиумот, но Ферари се казнети а...