0 ден

Нема производи во кошничката.

Абу Даби: Макс победи, Леклер пред Чеко, Себ во поени

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

Макс Верстапен стигна до својата 15та победа оваа година, Шарл Леклер херојски издржа да остане пред Серхио Перез за второ место кај возачите, а во својата последна трка поени освоија и Себастијан Фетел и Даниел Рикардо.

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

Пред почетокот на гумите немаше неизвесност во однос на гумите затоа што цел грид беше на медиум освен 17от Гасли кој својата последна трка во АлфаТаури ја стартуваше на софт и последниот, додека Магнусен и Ботас, кои беа пред и зад Гасли, тргнаа на хард.

Ред Бул си ги задржаа позициите на стартот, Саинз загуби позиција од Хамилтон, но многу брзо во средниот сектор го мина британецот, кој ја пресече кривината, а контролата на трка не му даде насока да ја врати позицијата. Место загуби и Расел кој беше претекнат од Ландо Норис.

Луис Хаимлтон дури во 4от круг му ја врати позицијата на Карлос Саинз откако ФИА многу доцнеше со одлуката, а Ферари жестоко реагираа. Откако го пропушти на правец, круг подоцна Хамилтон под ДРС се врати на 4то место. Истиот круг и Џорџ Расел се врати на 6то место претекнувајќи го Ландо Норис.

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

Во 8от круг, неочекувано Хамилтон имаше некаков проблем, се пожали дека губи моќ од моторот и го заугби 4то место од Карлос Саинз од Ферари, а многу скоробрзо потоа беше нападнат и од својот колега, Џорџ Расел кој на најголемиот 1,2-километарски правец го мина Луис за 5то место.

Од 10от круг се случуваше битка за 8то место помеѓу Себастијан Фетел и Естебан Окон, а французинот никако не го пропушташе Себ да мине на својата последна трка, така што дури и агресивно го затвараше. Во 15от круг Естебан Окон влезе во бокс, Фетел му го превзема 8то место, а Фернандо Алонсо беше веднаш зад него, како што најави, чувајќи му го грбот на последната трка.

Следниот 16ти круг по нови гуми влезе Серхио Перез и стартните медиум ги промени на хард, беше на 2ро место пред промената, а се врати на патеката губејќи 4 позиции, но брзо ги мина Алонсо и Фетел, иако Себ, барем за кратко, си ја врати позицијата и се бореше со Ред Бул.

Во 17от круг Џорџ Расел влезе по нови хард, но се задржа дури 5,2 секунди во боксот, а потоа тимот небезбедно го пушти на патеката и за малку ќе имаше судар со Ландо Норис. За ова, Џорџ “ќари“ казна од пет секунди.

Кругот број 18 беше моментот кога Карлос Саинз влезе по нови гуми и тој доби најтврда компонента. Шпанецот од Ферари се врати на патеката на 7мо место зад тандемот Фетел – Алонсо. Во тој 18ти круг, Расел го мина Рикардо за 8мо место.

19от круг Луис Хамилтон беше повикан во бокс и доби свежи хард гуми, а промената кај него не беше проблематична и беше двојно побрза од онаа кај Расел. Исто така, откако најави дека подот му е скршен поради што губи брзина, при промената детално беше прегледан.

Саинз го мина Алонсо во 19от круг за 5то место, а многу брзо го претекна и Себастијан Фетел позиционирајќи се на 4то место. Следниот круг и Расел го минаСеб.

Во 21от круг по свежи хард влезе и лидерот на трката, Макс Верстапен откако претходно се пожали дека предната десна гума му е целосно уништена. Промената го чинеше само една позиција, Леклер стана лидер на трката, а Чеко беше нецела секунда зад Макс. Следнито круг, последен од водечките, нови гуми доби и Шарл Леклер кој влезе по свежи гуми како лдер, а се врати на патеката на 3то место на кое беше пред да почнат промените на гуми, но беше помалку од половина секунда пред својот колега.

Во 26от круг, конено, Себастијан Фетел влезе в бокс по хард гуми, се здржа 4,1 секунди, беше 8ми пред да влезе, а се врати на патеката на претпоследното 19то место, единствено пред Николас Латифи.

Кругот број 30 беше последен за Фернандо Алонсо кој се откажа поради протекување на вода од системот за ладење во моторот.

Во 34от круг, некако прерано, Серхио Перез ги замени своите тврди гуми со нов сет исто така хард компонента. Инженерот на Леклер го праша дали може д го задржи ритамот со гумите кои ги имаше до крај што моначанецот потврди. Чеко загуби 4 позиции и се врати на патеката зад Ферари и Мерцедес.

Во 39от круг се случи контакт Латифи – Шумахер по кој двајцата завршија со млак удр во оградата. Мик виде мал простор и се обиде да мине, но ниту имаше брзина ниту имаше доволно простор да претекне и дојде до контакт. Германецот доби 5 секунди казна за сударот.

Следниот 40ти крг Саинз доби нов хард сет гуми, а Расел одлежа казна од 5 секунди и доби свеж медиум сет гуми.

Во 44от круг по долга борба, Себастијан Фетел го мина Гуанју Жу и се врати во поени, на 10то место.

Следниот 45ти круг, Серхио Перез го мина Луис Хамилтон за 3то место, но седумкратниот првак си ја врати позицијата на следниот правец оставајќи го Чеко зад себе во ситуација во која имаше далеку понов сет хард. Следната обиколка, мексиканецот мина, но загуби речиси два круга возење зад Хамилтон во ситуација во која го бркаше Шарл Леклер во нивниот дуел за 2ро место кај возачите.

Во 55от круг, Карлос Саинз го претекна Луис Хамилтон за 4то место откако британецот се пожали дека има проблем со брзините. Од тимот му јавија дека проблем е хидрауликата, така што тој се влечеше по патеката и на крајот се паркираше во гаражата. Ова беше прво откажување на болид на Мерцедес поради механички проблем.

Откако 15тина кругови со 12 кругови постар сет хард се мачеше да остане пред Серхио Перез кој беше драстично побрз, Шарл Леклер успеа да финишира пред мексиканецот и да го освои 2то место во возачкиот поредок.

Триумф број 15 за Макс, Леклер до него на подиум за да си го загарантира своето 2ро место во поредокот, најдобар пласман за возач на Ферари од 2018 година и најдобар пласман за него, додека Серхио Перез се обиде со ризична стратегија за 3то место. Карлос Саинз одличен 4ти пред Мерцедесот на Џорџ Расел.

Ландо Норис финишираше на 5то место пред конкурентот од Алпин, Естебан Окон, четири поени освои Ленс Строл, двојно помалку Даниел Рикардо, а поен на последната трка добива и Себастијан Фетел.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

ПОПУЛАРНИ ВЕСТИ

НАЈНОВИ ВЕСТИ