- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

Австралиското Гранд При пред откажување

По состанокот помеѓу шефовите на екипите вечерва, Големата награда на Австралија е пред откажување. Кусо откако Мекларен се повлекоа од трката откако кај нивни член беше пронајден корона вирус, тимовите одржаа состанок околу работите кои следуваат.

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

На состанокот на кој присуствувале и ФИА и Формула 1 екипите, најголем дел од нив не сакале да продолжат со тркањето. Федерацијата потврдила дека ќе го слуша мнозинството, така што веројатно е дека ќе следува откажување на трката иако официјална потврда сеуште нема, но шпекулациите велат дека Формула 1 и ФИА ќе излезат накусо со заедничко соопштение.

Осуммина од падокот се тестирани за корона вирус откако Формула 1 караванот пристигна во Мелбурн, а седум од тие тестови се негативни, освен оној на членот од тимот од Вокинг. Уште една индивидуа, веројатно фотограф, се тестира за корона, а резултатите од неговите тестови ќе бидат познати подоцна.

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

НАЈНОВО

Оштетеното предно крило на Макс направило проблем

Ред Бул открија дека откачениот страничен дел од предното крило на болидот на Макс Верстапен за време на трката на Ред Бул Ринг се...

РЕЗУЛТАТИ

Штаерска: Доминантна 1-2 на Мерцедес и пропаст во Ферари

Откако стана првиот возач кој 14 сезони по ред освојува пол позиција на некоја трка, Луис Хамилтон дојде и до својата 85та победа во...

популарно

🎥 360 степени од болидот на Албон … Луис за казна си

Формула 1 ја објави снимката од камерата со приказ од 360 степени од болидот н Алекс Албон на која се гледа како младиот британец...