- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

Австралија размислува за трка во Ноември

Организаторот на трките во Австралија размислува за замена датумите за организација на МотоГП трката со таа за Формула 1 од наредната година. 

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

Двата настана се организирани од Австралиската Гранд При Корпорација и во моментов за Формула 1 трката е предвиден Март, додека моторите се тркаат во Октомври.

Но поради забраните за патување поради пандемијата, тие беа принудени да ја одложат Формула 1 трката и таа треба да се одржи на 21 Ноември, четири недели по МотоГП трката. 

Организаторите имаат четири опции за организација на трките, а најдобро решение е замена на датумите на Формула 1 и МотоГП. Помеѓу двете трки треба да има доволно време за да може да се организираат и да се продадат доволно карти, а веќе подолго време се зборува за промена на датумот за МотоГП трката на Филип Ајланд за на есен кога има подобро време. Според шефот на АГПЦ, Ендру Вестакот тоа ќе биде подобро. 

Ништо не е дефинитивно за календарот за 2022. Секогаш сме имале отворено мислење за Ф1 трката бидејќи тоа е еден од најважните настани во Мелбурн. Но можам да кажам и дека размислуваме за промена и имаме четири опции. Една е двете трки да се одржат рано во февруари или марти. Друга опција е октомври и ноември. Традиционалниот старт на Ф1 за прва трка во Австралија и последна во МотоГП или замена на истите. Сите опции се на маса. Мора да се земе во предвид традицијата и имаме повеќе опции. – изјави Вестакот.  

Сепак нема никакви гаранции за одржување на трките бидејќи Австралија е сеуште затворена. Доколку некој дојде мора да биде во карантин и тоа нема да се промени се додека вакцинациите не стигнат до некоја завидна бројка. 

Вакцинацијата започна во понеделникот и се очекува да заврши во октомври. 

Мелбурн некако успеа да организира прв интернационален настан а тоа беше тенискиот турнир Австралија Опен каде тенисерите мораа да бидат во карантин. 

Вестакот смета дека научиле нешто од тенисот и верува дека ќе има трка во Мелбурн. 

Секогаш е тешко но видовме каков приод имаа за тенисот. ТОа е добро и мора да почне да се развива и да се подобрува. Но имаме време да научиме и да се зголемат бројките на вакцинирани за да нема карантин. Мислам дека ќе биде подобро во ноември. 

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -
- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

НАЈНОВО

РЕЗУЛТАТИ

популарно