0 ден

Нема продукти во Кошничката.

Австралија: Шарл Леклер недостижен

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -
- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

Шарл Леклер стигна до нова победа, втора за него сезонава откако ја уништи конкуренцијата и беше недостижен за било кој возач на гридот и покрај двете безбедносни возила и ресстартовите, во ниту еден момент не го предаде водството.

Моначанецот имаше пол позиција, победи на трка, извозе најбрз круг и беше прогласен за Возач на денот, импресивно! Победата број 4 за Леклер значеше и победа број 240 за Скудерија Ферари.

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

Реновиараниот Алберт Парк донесе многу интересна трка со многу претекнување и многу борба. На стартот единствено Карлос Саинз со своето Ферари кој тргна од 9то место и Фернандо Алонсо на Алпин кој тргна зад него почнаа на хард гуми, а нивниот бавен старт беше очигледен.

Стартот беше среќен и добар за Луис Хамилтон кој одлично се катапултираше и успеа да го превземе 3то место на Серхио Перз.

Најголем губитник на почетокот беше Карлос Саинз затоа што по првиот круг, бавниот старт и лошите незгреани хард му донесоа губиток од 5 позиции и кога сакаше да се бори со Алфа Ромео и Хаас и да нападне за да си ги врати загубените места, излета, се изврте и заврши во песокот. Трката на шпанецот траеше очајни два круга во Австралија.

Заглавувањето на Ф1-75 крај патеката донесе кусо Виртуелно безбедносно возило, а потоа и она нормалното кое остана на патеката од 2от до 6от круг, период кој го искористи Астон Мартин многу рано да промени гуми на двата болиди.

Во кругот број 10, Ред Бул и Серхио Перез си го вратија загубеното место од Луис Хамилтон и Мерцедес.

Серијата промени на гуми кај водечките ја отвори Макс Верстапен во 19от круг откако неколку кругови претходно се жалеше дека предната лева гума му е уништена, влезе и промени на хард. Два кругови подоцна истото го стори и неговиот колега Серхио Перез како и Ландо Норис кој во тие моменти се возеше во топ 5. Даниел Рикардо промени во 22от круг, а водечкиот Леклер заено со Луис Хамилтон монтираа нови хард во 23та обиколка.

Во 24от круг Себастијан Фетел имаше очајно лош излез од 5та кривина, се изврте и се удри со носот во оградата, а карбонските делови се разлетаа на патеката што го донесе второто безбедносно возило на трката. Тоа го искористи Џорџ Расел да промени гуми, а поредокот во тие моменти беше Леклер, Верстапен, Расел, Алонсо, Перез и Хамилтон.

По два кругови се повлече безбедносното возило, а Леклер немаше добар рестарт и какоа да заборави да забрза на правецот, но Ферарито беше доволно моќно да ја прекире таа негова грешка и да не му дозволи на Верстапен д му ја превземе позицијата.

Во 30от круг се виде слабоста на исто толку кругови старите хард гуми на Фернандо Алонсо затоа што беше минат за 4то место од Серхио Перез, а и Луис Хамилтон го претекна следниот круг по што го спушти на 6та позиција.

Во 34от круг иаше борба на Мекларен и Хаас, а Ландо норис го претекна Кевин Магнусен кој ги возеше почетните хард гуми за 7мо место, а круг подоцна истото го направи и Даниел Рикардо.

Во 36от круг Серхио Перез дојде во подиум позиција претекнувајќи до Џорџ Расел од Мерцедес за 3то место.

Разочарувачкиот момент за Ред Бул се случи во 39от круг кога Макс Верстапен без предупредување загуби моќ на стартниот правец, а по првите две кривини се паркираше крај патеката и се откажа при чад од моторот. Виртуелното безбедносно возило стапи на сила, а Алонсо и Магнусен експресно влегоа за прв пат во боксот по 40 извозени кругови.

Александер Албон се возеше во силни поени во претпослендиот круг, но немаше задолжителна промена на гуми и беше со стартниот сет хард. Токму во послендиот круг се реши да промени на нови гуми и покрај тоа финишираше во топ 10.

Последниот круг беше најбрз за Шарл Леклер кој иако доби инструкции од Ферари да не оди на најбрз круг поради тоа што истиот веќе е негова сопственост и неа кој за го загрози, сакаше со стил да заврши.

Така, победа на Ферари и Леклер во доминантен стил пред Перез на Ред Бул и тандемот на Мерцедес, Расел пред Хамилтон. Следуваа Мекларен во одличен викенд за нив, Ландо Норис пред Даниел Рикардо, а Алин повторно во поени со 7то место на Естебан Окон. Влтери Ботас беше 8ми на домашната трка на неговата партнерка, Пјер Гасли 9ти, а Александер Албон 10ти.

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

Ново во Падок Клуб

Михаел Шумахер ќе добие почесна награда

Седумкратниот Формула 1 шампион, Михаел Шумахер, ќе добие почесна државна награда која ќе ја примат неговата жена...
- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

Популарно

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

PSS ТЕХНИЧКИ ПРЕГЛЕД

Можеби ќе те интересира ...

Саинз уверен дека сега може да форсира со болидот

Карлос Саинз се чувствува многу поудобно во неговото Ферари по силната трка во Канада каде конечно имаше...