Австрија: Макс не сопира, трета победа по ред

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -
- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

најново

ПАДОК КЛУБ

Макс Верстапен победи трет пат по ред, овој пат победи на Австриското Гранд При каде го постигна и најбрзиот круг и својот 50ти подиум, заврши пред Валтери Ботас и изненадувачки, Ландо Норис.

Луис Хамилтон имаше проблеми со задниот дел, два пати промени гуми и заврши на 4то место во трка во која имаше куп казни од по пет секунди и судар помеѓу искусните Раиконен и Фетел во последниот круг.

Стартот беше мирен, но Окон беше преамбициозен и влезе во сендвич помеѓу Хаас и Вилијамс каде што го оштети предното десно тркало поради контакт и трката ја заврши по неколку кривини. Возачот на Алпин едноставно не може да најде ритам откако му беше продолжен договорот.

Окон остана крај патеката, а безбедносното возило излезе и остана на чело на колоната до 3от круг од трката.

Рестартот беше интересен, Ботас го мина Окон, а Перез имаше силен дуел со Норис во кој никој од нив не сакаше да попушти. Следуваше излетување крај патеката на Чеко, по што стјуардите му дадоа казна од 5 секунди на Ландо.

Први по нови гуми беа оние кои стартуваа на софт, Тсунода промени во 13от круг и од 6то место излезе како последен, а при промената доби и казна поради преминување преку белата линија на влезот од боксот. Следниот круг промени од софт на хард и неговиот колега беше 5ти, а се врати преку Јуки како 18ти. Потоа во питстоп отиде и Ленс Строл, ги промени црвените софт и излезе како последен.

Во 17от круг Даниел Рикардо го мина Себасијан Фетел за 5мо место, а во 20от круг Ландо Норис доби информација дека е казнет со 5 секунди поради тоа што го истурка Чеко Перез. Следуваше и нов пех за младиот британец затоа што во тој круг го загуби и 2то место од Хамилтон откако 20 кругови го држеше зад себе, но за сметка на тоа ги потроши гумите.

Следуваа промени на гуми и кај оние кои стартуваа на медиум, Рикардо промени во 30от круг, мина на хард, беше 5ти, а се приклучи на патеката како 12ти. Норис промени следниот круг, отслужи 5 секунди казна, тоа го искористија Мерцедес и го внесоа Валтери Ботас во истиот круг и на тој начин му ја превземаа позицијата на Норис кој “падна“ од 3то на 4то место.

Лидерите променија во 32от односно 33от кру, најпрвин хард зема Хамилтон, а потоа и Макс Верстапен по што предноста на холанѓанецот изнесуваше 13 секунди по враќање на патеката. Потоа промени и Чеко Перез и Шарл Леклер кој од 5то излезе на 10то место, зад мексиканецот.

Следуваа дуели помеѓу Леклер и Перез, најпрво во 41от круг кога Перез го удри Ферари на 3та кривина не сакајќи да отстапи во ситуација кога двата болиди беа еден до друг, но тоа многу скоро му донесе казна од 5 секунди. Следниот инциент беше 6 кругови подоцна кога Шарл нападна во последниот сектор, повторно беа тркало до тркало и мексиканецот повторно туркаше и повторно доби казна од 5 секунди.

Карлос Саинз стартуваше на хард и промени дури во 49от круг што многу му се исплатеше и се врати на патеката на 9то место, но веднаш го мина Јуки Тсунода и се приклучи на 8ма позиција.

Во 51от круг по долги кругови жалење од Хамилтон дека нешто не е во ред со болидот и задните гуми се потрошени, тој му ја препушти својата позиција на Валтери Ботас, а три кругови подоцна загуби позиција и од Ландо Норис. Шампионот беше внесен во бокс да добие нови хард, постави најбрзо време, но немаше можност за ништо повеќе.

Серхио Перез го мина Даниел Рикардо за 3то место, а Ферари ги ротираа возачите за да му дадат можност на Саинз со нови медиум да го нападне Мекларен. Шпанецот се доближуваше и помина во 71от круг одземајчи го 6то место на Рикардо.

Во 57от круг Тсунода втор пат доби казна за преминување преку белата линија при влез во боксот и втор пат доби 5 секунди казна.

Во 61от круг гуми промени и Макс Верстапен, нападна и освои поен и за најбрз круг на трката.

Во 68от круг Фернандо Алонсо го мина Џорџ Расел во борба за 10то место и не дозволи младиот британец да освои поени.

Ултра искусните Себастијан Фетел и Кими Раиконен поради невнимание направија голем проблем во последниот круг, откако финецот беше исфрустриран, невнимателно удри во Астон и двајцата завршија крај патеката.

Верстапен победи по 15ти пад во кариерата, второ место за Ботас, трет беше Ландо Норис и покрај казната од 5 секунди, Луис Хамилтон зад него, а 5то место за Карлос Саинз кои го мина Рикардо во последниот круг и искористи од 10те секунди казна за Перез.

Шеста позиција за денеска индиспонираниот Перез, зад него Даниел Рикардо и Шарл Леклер. Два поени освои Пјер Гасли на АлфаТаури, а поен Фернандо Алонсо кој извлече максиум по верашните лоши за него квалификации.

 

 

 

 

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -
- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

ПОПУЛАРНО

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

ПАДОК КЛУБ

повеќе на оваа тема