0 ден

Нема продукти во Кошничката.

Австрија, спринт: Верстапен рутински победи пред Ферари

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -
- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

Макс Верстапен беше нападнат од Ферари само на првите неколку кривини по стартот на денешниот спринт, но успеа да се одбрани и рутински стигна до 8 поени, победа на спринт трката и старт од најдоброто место на утрешниот главен настан.

Зад Макс финишираа двата болиди на Ферари, Леклер пред Саинз, а 4ти беше Расел пред вториот Ред Бул.

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

Во пресрет на стартот на трката, Фернандо Алонсо остана со греачите на гумите откако тимот заборави да ги отстрани истите и неговото 8мо стартно место пропадна. Но, откако го повлекоа во боксот, се чини дека неговиот Алпин болид имаше и технички проблем и шпанецот не стартуваше.

Крајот на формацискиот круг донесе нови проблеми откако буквално на средина од 10та кривина проблем пријави Гуанју Жу чиј мотор изгасна, стартот беше одложен за уште еден формациски круг, а кинезот успеа да го запали моторот и да продолжи. Согласно правилата, тој мораше да тргне од боксот.

Верстапен на стартот успеа да си ја зачува својата водечка позиција одбивајќи го нападот на Карлос Саинз кој претходно го мина колегата, но само неколку кривини затоа што малку му требаше на Леклер да си го врати своето 2ро мсто.

Контакт на стартот имаше Хамилтон кој влезе во сендвич помеѓу Пјер Гасли и Алекс Албон. Французинот од АлфаТаури со своето задно тркало го закачи предното на Хамилтон, скокна и се изврте крај патеката продолжувајќи како последен. Луис поради контатктот загуби две позиции.

Во 4от круг Серхио Перез веќе беше 8ми иако стартуваше од 13то место.

Од 5от круг се одвиваше борба во Скудерија, Саинз го напаѓаше 2то место на колегата Леклер.

Во 9от круг, Мик Шумахер го нападна Кевин Магнусен, но тоа го искористи Серхио Перез зад него и му го превзема 7то место тргнувајќи во потера по 6то на К-Маг.Следниот круг мексиканецот го претекна и вториот Хаас и се позиционираше на 6то место. Кругот број 12 беше моментот кога Перез го претекна Окон и дојде до 5то место.

Во 11от круг Себастијан Фетел излета во средниот сектор, но успеа да најде рикверц и на тој начин да се врати на патекта. Германецот излета при дуел со Александер Албон откако имаа ситен контакт, но при минување во една летечка кривина што го извади Астон Мартин болидот од баланс.

Последните 10-тина кругови Луис Хамилтон очајно се обидуваше да го мине Мик Шумахер за 8мо место, последното кое носи поен, но не успеа во тоа откако младиот германец на Хаас фантастично ги одбиваше неговит напади. Сепак, во 22от круг седумкратниот поранешен првак, откако претходно плачеше преку тимското радио дека Мик вози надвор од патеката, успеа да мине и да додје до 8то место.

Претпоследниот круг беше последен за Себастијан Фетел кој доби порака од тимот да го донесе болидот во бокс затоа што има проблем со истиот.

Ферари не успеа во ниту еден момент по стартот да го нападне Макс Верстапен кој рутински победи пред Шарл Леклер и Карлос Саинз. Џорџ Расел финишираше на 4то место пред Чеко Перез во вториот Ред Бул. Естебан Окон освои 3 поени за своето 6то место пред Кевин Магнусен кој втора трка по ред финишира во поени, а Луис Хамилтон го освои последниот поен на спринтот.

Image

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -
- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -
- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

Ново во Падок Клуб

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

Популарно

Перез казнет, но ја задржува победата

Серхио Перез може да продолжи со прославата на својата победа во Сингапур по конечната одлука на стујардите. Возачот...
- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -
- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

PSS ТЕХНИЧКИ ПРЕГЛЕД

Можеби ќе те интересира ...

Перез казнет, но ја задржува победата

Серхио Перез може да продолжи со прославата на својата победа во Сингапур по конечната одлука на стујардите. Возачот...

Биното и Ферари бараат двојна казна за Перез

Шефот на Ферари, Матиа Биното, верува дека победникот на Големата Награда на Сингапур, Серхио Перез, треба да...

Перез: Немам поима зошто сум под истрага

Серхио Перез вели дека не разбира зошто се соочува со истрага од стјуардите за прекршок при безбедносното...