Агаг: Следната генерација на Формула Е болиди ќе биде побрза од Формула 1

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -
- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

најново

ПАДОК КЛУБ

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

Следната генерација на Формула Е болидот треба да може да победи Формула 1 болид од стартната линија, смета шефот на електричната серијата, Алехандро Агаг.

Досега, страсните подржувачите на Формула 1 ја отфрлаа категоријата на електрични болиди целосно врз основа на тоа што Формула 1 е побрза во однос на крајното темпо. Но, Агаг вели дека болидот од следната генерација на Формула Е ќе биде пресвртница.

Тоа е скок во технологијата што ги изведува перформансите до самата граница на градските кругови, Ниво како во Формула 1, тоа е целта. Сè уште не ги тестиравме, но идејата е дека забрзувањето ќе биде поголемо отколку во Формула 1. Електричните болиди ви ја даваат таа можност.

Би било интересно да ги ставите еден до друг и да видите како забрзуваат – оптимист е агаг.

Шефот на Мерцедес, Тото Волф, неодамна дури рече дека може да замисли болиди на Формула Е и Формула 1 да се тркаат на истите трки во истите викенди.

Може да се направи – се согласува Агаг.

Она што навистина би сакал е да користам Формула 1 буџет во Формула Е. Дајте ми 50 милиони и ќе ви изградам Формула Е болид кој совршено држи до Формула 1.

Агаг инсистира на тоа дека тоа е целосно електрична технологија, наместо хибридна како во Формула 1.

Формула 1 и Формула Е треба да се зближат, бидејќи на крајот единствената технологија што ќе преовладува е електричната технологија. 

За 10 години ќе ги видиме автомобилите со согорување како антиквитети. Постојат некои обиди да се создадат синтетички горива, но тоа е изговор да не се електрични. Синтетичките горива чинат десет пати повеќе од вообичаените, така што тоа нема да води никаде – додаде Агаг.

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -
- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

ПОПУЛАРНО

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

ПАДОК КЛУБ

повеќе на оваа тема