0 ден

Нема продукти во Кошничката.

Азербејџан: Нова 1-2 победа за Ред Бул и нова катастрофа за Ферари

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -
- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

Ред Бул стигнаа до нов 1-2 триумф сезонава, втор за нив по Барселона, а воедно победија и 6ти пат годинава.

Макс Верстапен беше најбрз по 51 круг низ Баку за 5ти триумф годинава за него и 25ти во кариерата, овој пат пред својот колега. Мерцедес со 3то и 4то место, а катастрофата се случи во Ферари, двата болиди надвор од трка до 20от круг, а надвор од трка и една Алфа и еден Хаас.

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

Азербејџанско Гранд При без безбедносно возило, без црвено знаме и без судар, чудно, многу чудно.

Стартот на трката донесе промена на водството откако Серхио Перез го нападна Шарл Леклер на Ферари и го мина уште по првите 130 метри колку што е првата кривина оддалечена од семафорите кои го означуваат почетокот на трката.

Кругот број 9 го најави хаосот во Ферари откако Карлос Саинз без никаква најава се откажа од трката поради проблеми со хидрауликата. Ова значеше Виртуелно безбедносно возило кое во бокс по свежи хард ги внесе Шарл Леклер, Џор Расел, Пјер Гасли и Луис Хамилтон.

Ферари беа свесни дека со Леклер ќе бидат минати од Верстапен за 2ро место, така што се решија за алтернативна стратегија и промена на гуми при виртуелно безбедносно возило, но дигалката на предниот дел од болидот “киксна“ и промената го чинеше 5,5 секунди моначанецот.

Во 15от круг, откако претходно ја намалуваше предноста на Чеко, Макс нападна и го мина Перез откако мексиканецот доби дојава преку радиото да не превзема ризици.

Два круга подоцна Чеко промени гуми, но таа промена го чинеше 5,7 секунди по што стана јасно дека веќе ја загуби трката за победа од својот колега кој влезе по нови гуми следниот круг и промени на хард за 3,5 секунди.

Во 20от круг катстрофата на Ферари беше комплетирана откако откажа моторот на Шарл Леклер, густ чад се креваше од задниот дел на неговиот болид, поточно од моторот со кој моначанецот вози од Мајами, а доби ново турбо за оваа трка, така што останува и официјално да чуеме што точно било проблемот.

Во тој момент, Пјер Гасли го мина Даниел Рикардо за 4то место, додека Хамилтон го врати австралијанецот на 6та позиција во 26от круг

Кругот број 24 беше последен и за уште еден кој вози мотор на Ферари откако кинезот Гуанју Жу доби наредба да се паркира во гаражата поради проблем со болидот.

Во 33от круг се откажа нов болид со Ферари мотор, поточно Кевин Магнусен кој во тие моменти се бореше за поен, на сила стапи виртуелното безбедносно возило што ги внесе водечките тројца по свежи хард гуми.

Во 41от круг Макс Верстапен доби наредба да не користи ДРС откако претходно Јуки Тсунода доби опомена да влезе во бокс и да го среди својот ДРС систем.

Кругот број 44 беше моментот кога Луис Хамилтон дојде до 4то место претекнувајќи го Пјер Гасли, позиција на која ја заврши трката.

Ленс Строл се откажа на три кругови пред крајот откако екипата му јави дека има многу чудни осцилации во неговиот болид.

Така, Ред Бул доминантни со 1-2 триумф, пред 3то и 4то место за Расел и Хамилтон од Мерцедес, а Пјер Гасли го надополни одличниот викенд со 5та позиција. Себастијан Фетел дојде до 6то место, а Фернандо Алонсо финишираше зад него. Следуваа Мекларен со двојни поени, но Рикардо овој пат пред Норис, додека вториот Алпин возен од Окон исто така дојде до поен.

Најбрз круг на трката имаше Серхио Перез кој дојде на второ место во поредокот пред Шарл Леклер.

Image

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

Ново во Падок Клуб

Михаел Шумахер ќе добие почесна награда

Седумкратниот Формула 1 шампион, Михаел Шумахер, ќе добие почесна државна награда која ќе ја примат неговата жена...
- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

Популарно

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

PSS ТЕХНИЧКИ ПРЕГЛЕД

Можеби ќе те интересира ...

Вилнев: Верстапен е цело време на максимум, Хамилтон не е

Поранешниот првак, Жак Вилнев, даде свое мислење за клучната разлика помеѓу Макс Верстапен и Луис Хамилтон.  Тој повторно...