Алберт Парк ќе има промени следната година

Во пресрет на Големата награда на Австралиај во 2021 година ќе се случи поставување на нов асфалт на патеката, а можни се и промени на истата за таа трка. Јавните патишта кои се дел од патеката не се реновирани од појавувањето на трката во календарот, односно од 1996 година, така што компанијата задолжена за трката неколку години по ред навестува промена на асфалтот.

Организацијата веќе има договор кој ќе ги задржи во календарот до 2025 година така што се чини дека ќе дојде и до поставувањето на асфалтот, иако сеуште не е јасно дали истото ќе биде направено за следната година или пак за година подоцна. Дел од проектот е и проценка на евентуални промени на самата патека со цел да се подобри тркањето и претекнувањето, нешто што во последно време е проблем на трката.

Во периодот околу трката се очекува финална одлука за тоа кога ќе се случи изведбата на целокупниот проект, нешто што ќе значи и сопирање на сообраќајот кој ги користи јавните патишта кои се дел од трката.

следната година или потоа ќе имаме поставување на нов асфалт. разговараме со формула 1 во врска со тоа како да ја подобриме патеката кон подобро затоа што конфигурацијата е иста како и првобитната од 1996 година.

сето тоа е работа во тек, веројатно реално е другиот месец за време на трката да бидат познати повеќе работи и да знаеме дали реновирањето ќе се случи во следните 12 месеци или пак во следните 24 месеци – најави ендру вестакот, главниот човек на трката.

Планот од пред неколку години на организаторите беше делот кај 11та и 12та кривина од патеката да се претвори во голема зона за силно кочење за да се охрабри претекнувањето, но таквиот план беше одбиен од страна на ФОМ кои по направените симулации дошле до заклчок дека промената нема да донесе голема корист во тркањето.

Согласно последните проценки, Вестакот најави многу работи на кои сериозно се размислува.

кога имате можност да промените нешто тогаш мора да ги разгледате сите начини да подобрите нешто. нема сомнеж дека болидите многу се развија од 1996 година до 2020 година и секако дека ќе има промена и тоа голема и следната година. сега е моментот, ако правиме промена треба истата да биде одлична.

разгледуваме на различни мешавини на асфалт и како истиот ќе влијае врз деградацијата, но ги анализираме и кривините и како истите да се подобрат.

сепак, не сакаме да го загубиме духот на патеката и треба тоа да го земеме во предвид затоа што имаме договори, имаме приходи. на пример, првите две кривини и 15та и 16та се препознатливи и не може одеднаш се да промените заедно со постоечката географија и топографија.

нема шанса да направиме некоја кривина како зандворт или нешто слично, тоа е сигурно. разгледуваме решенија како промена на брзината во боксовите, ширина на патеката, вид на асфалт и за се разговараме со формула 1.

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

НАЈНОВО

Алберт Парк ќе има промени следната година

Во пресрет на Големата награда на Австралиај во 2021 година ќе се случи поставување на нов асфалт на патеката, а можни се и промени...

популарно

🎥 Алфа Таури ја запалија Хондата

По неколку екипи и новоименуваниот тим на Торо Росо, односно сега Скудерија Алфа Таури доби можност да го запали моторот на Хонда, РА620Х, за...