0,00 ден

No products in the cart.

Алонсо незадоволен од чудниот избор на трки на крајот од сезоната

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -
- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

најново

ПАДОК КЛУБ

Фернандо Алонсо смета дека изборот на трки за крајот на овогодинешната сезона е многу чуден, а поради тоа тискиот персонал е на самиот лимит на издржливост.

Во тек се три последователни трки кои почнаа со Мексиканското Гранд При, викендов тркачкиот циркус се сели во Бразил, а потоа следува Катар за прв пат во Формула 1 историјата, но оддалеченоста и фактот што трките се возат една по друга е благо речено чуден.

Нандо смета дека е по малку чудно да се има две недели пауза помеѓу Америка и Мексико, а потоа Бразил и Катар да се возат една по друга.

овие три врзани трки не се најдобро осмислени затоа што секоја трка е на 12 часа со авион една од друга или нешто слично, а мораме да се тркаме три викенди по ред. важно е за тимот и механичарите да ја штедат енергијата, тие се во гараажата, пакуваат и распакуваат се до доцна во ноќта, а потоа со авион пристигнуваат на следното место и одново истото. на самиот лимит се.

се надевам дека ќе најдеме подобро решение за календарот во иднина затоа што остин е само 90 минути од мексико, а таму бевме две недели пред мексико. чудно е што некои трки се разделени две недели, а некои се на друг континент, а се последователни – во прашалници е двократниот првак.

Двонеделната пауза помеѓу Америка и Мексико можеби е наизглед чудна, но е намерно оставена поради загриженоста во евентуални рестрикции при патување поради пандемијата. Во времето кога распоредот на трки се подготвуваше, Мексико и Бразил беа на црвената листа како земји со рестрикции за патување од страна на Велика Британија и се бараше задолжителен карантин при враќање од таму.

Со Бразил и Мексико една по друга, а Катар потоа, се оставаше доволно простор за персоналот да се врати во Британија без да има потреба од карантин поради тоа што Средниот Исток го имаат како попатна станица. Но, земјите повеќе не се на црвената листа на “островот“, така што нема потреба за вакви “фискултури“.

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -
- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

ПОПУЛАРНО

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

ПАДОК КЛУБ

повеќе на оваа тема