0 ден

Нема производи во кошничката.

Алонсо: Потешко се импровизира во Ф1 одошто во ВЕЦ

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

Фернандо Алонсо изјави дека е потешко да се импровизира во Формула 1 споредено со ВЕЦ или Индикар, но се надева дека ќе ги искористи работите што ги научил таму. 

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

Двократниот шампион Алонсо се врати во Формула 1 оваа сезона во тимот на Алпин, откако помина две години возејќи во други серии. Шпанецот победи два пати со Тојота на 24 часа Ле Ман и ја освои титулата во ВЕЦ. Два пати се тркаше на Инди500 и минатата година возеше на релито Дакар. 

Има многу што да се научи од другите серии. Формула 1 е различна бидејќи го повторувате истото секои две недели и имате рутина. Стилот ви е ист во текот на годините и следите инструкции од тимот. Се е оптимизирано во болидот за вашиот возачки стил и ви кажуваат што да правите, како да ги штедите гумите, батеријата и слично. Се е контролирано и не може да импровизирате – откри нандо.

Алонсо објасни дека многу научил во другите серии и посебно на подготовките за Индијанаполис 500. 

Во ВЕЦ треба да бидете свој. Може да сте во гужва во речиси секој круг во секој дел од денот. Секогаш кога влегувате во автомобилот споделувате искуство со колегата. Има многу тимска работа во ВЕЦ и многу што да се учи.

Исто е и во Индикар каде мора се да се среди до најмал детал. Мали детали одлучуваат за тоа што ќе се случи во наредните кругови. Има многу што да се учи од другите серии и да се искористи во Формула 1. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

ПОПУЛАРНИ ВЕСТИ

НАЈНОВИ ВЕСТИ