Алонсо се враќа во Инди, а Ф1 е опција за 2021

Фернандо Алонсо ќе учествува на Инди 500 следната пролет за уште една шанса да ја освои тројната круна, а шпанецот не ја исклучува можност да се врати во Формула 1 во 2021 година.

По импресивното учество на Инди во 2016 година, следено со серијата грешки на Мекларен на минатогодишната трка, Алонсо е сеуште одлучен да победи на трката, дел од тројната круна која ги вклучува Монако и 24 Часа Ле Ман.

До сега ниту една екипа не го потврдила возачот за учество на Инди 500 во 2020 година.

Дефинитивно ќе учествувам на Инди. Ќе видиме што ќе се случи во наредните неколку недели. Инди е победата која недостасува. Ако победам таму по Ле Ман, ВЕЦ, Дејтона, не можам да посакам повеќе. Дефинитивно ќе се обидам повторно – најави нандо.

Најверојатна опција за Алонсо е враќање со Андрети Аутоспорт или возачко место со Ероу Мекларен СП.

Тоа не се единствените опции, но дефинитивно се најсилните. Лојален сум на Мекларен, но добро се чувствував и во Андрети, како дел од тимот. Имам многу добра соработка таму.

Најпрвин сакам да возам на Дакар и Инди, а потоа ќе видам дали ми недостасува Формула 1. Оваа година, беше добро што бев надвор од Ф1, но сите ми велеа дека треба да уживам во животот откако не сум дел од спортот. Но тоа што ме прави среќен е тркањето.

Формула 1 сеуште е опција. Правилата за 2021 година се прилично интересни. Можеби ќе ги промени нештата и ќе биде полесно за тркање. Ако ми недостасува Ф1, отворен сум да се вратам. Пазарот на возачи за 2021 ќе биде отворен, така што не се брзам да донесам одлука.

НАЈНОВО

Зандворт ќе ги исполни безбедносните стандарди

Патеката во Зандворт која ќе биде домаќин на Холандското Гранд При во 2020 година во Формула 1 ќе ги исполни потребните Ниво 1 стандарди...
- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

популарно

Вилнев смета дека Леклер ги задржувал Ферари сезонава

Жак Вилнев смета дека нетрпеливиот Шарл Леклер ги задржувал и забавувал Ферари оваа тркачка сезона. Никогаш недокажаниот Формула 1 првак од 1997 година смета дека...