Алонсо ја бара најдобрата опција за Инди

Фернандо Алонсо откри дека сака да биде во најдобриот можен тим кога подоцна оваа година ќе има нов напад на титулата во престижната Индијанаполис 500 трка.

Шпанскиот двократен Формула 1 првак веќе има зад себе победи во Монако и на Ле Ман, така што престижниот овал му недостасува за да биде вотиот возач кој ја освоил тројната круна во моторспортот.

Во моментов 38-годишниот Нандо се трка на Дакар релито, но не очекува победа таму затоа што е прво такво искуство за него.

авантурата на дакар е професионален предизвик за да бидам конкурентен и да учам, но цел во однос на конкурентноста е да победам на нешто важно како индијанаполис 500. за таа цел треба да бидам во колку што можам подобар тим и да имам најдобри услови и се надевам дека наскоро ќе потпишам нешто – најави фернандо.

Шпанецот дебитираше на Индијанаполис во 2017 година кога паузираше на Големата награда на Монако за да се трка во Америка, а Мекларн имаа свој болид со поддршка на Андрети Моторспорт. Сепак, иако беше одличен и дури водеше, неговиот мотор не издржа.

Мекларен ќе имаат свој тим на Индикар цела година, така што не би било чудно доколку Нандо одработи за нив

НАЈНОВО

Алонсо ја бара најдобрата опција за Инди

Фернандо Алонсо откри дека сака да биде во најдобриот можен тим кога подоцна оваа година ќе има нов напад на титулата во престижната Индијанаполис...
- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

популарно

Волф: Шумахер има удел во успехот на Мерцедес

Шефот на Мерцедес, Тото Волф, смета дека и Михаел Шумахер има удел во фантастичниот и историски успех на Формула 1 тимот откако германецот се...