- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

Алпин гледа шанси во Формула Е и ВЕЦ

Алпин се најновиот Формула 1 тим кој сака да го прошири своето делување во електричната Формула Е и се попопуларниот ВЕЦ шампионат. 

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

Формула Е веќе е домаќин на Мерцедес, а и Мекларен потпишаа договор за можно инволвирање во спортот кога ќе стапат на сила новите правила. Со меморандум за разбирање помеѓу Рено и Лотус се договара соработка во други области. Главен фокус ќе биде развој на патнички електричен спортски автомобил за да се продолжи платформата на Алпин за моторспортот. 

Додека Рено го ребренрираше нивниот фабрички тим во Алпин да го промовираат брендот во моторспортот, сега се јавува и желбата за развој на програми и во Формула Е и ВЕЦ.  Во 2021 година во ВЕЦ, тимот на Алпин ќе учествува во соработка со Сингатек, а по тој повод, портпаролот на Лотус изјави: 

Се разгледуваат опции во моторспортот. Заедно разгледуваме потенцијални можности.

Лотус има голема историја во моторспортот и е доста успешен, а Рено и Алпин се експерти во Формула Е, Формула 1 и ВЕЦ. Ова може да ни даде интересни можности но во моментов само разгледуваме. 

Рено се поврзани со Формула Е преку тимот Нисан е.Дамс, еипа која беше ребрендиран од францускиот во јапонскиот производител во сезоната 2018-2019 година. Тие освоија три титули во Формула Е, како конструкторски така и возачки. 

Формула Е сезоната започнува во Саудиска Арабија наредниот месец, а со губењето не Ауди и БМВ, добро би било да се види Мекларен и Рено како нивна замена на гридот. Во моментов има 12 брендови на гридот а има интерес за уште повеќе. 

Извршниот директор на Формула Е, Џејми Реигле, додаде: 

Има голема листа на производители кои сакаат да се приклучат на Формула Е и веќе се во одредени фази на развој а ние им нудиме можност да се тестираат себе си и да се рекламираат. 

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -
- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

НАЈНОВО

РЕЗУЛТАТИ

популарно