Алпин сакаат втор тим во Ф1

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -
- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

најново

ПАДОК КЛУБ

Според реномираниот Формула 1 новинар, Џо Савард, Алпин размислуваат да направат втор тим во најсилната моторспорт тркачка серија, тим во кој ќе возат нивните јуниори. 

Францускиот тим има повеќе возачи во својата Академија, но нема што да прави со нив. Оскар Пиастри, Гунају Жу и Кристијан Лундгард му прават главоболки на Марсин Будковски, Извршниот директор на Формула 1 тимот. 

Според Савард, решение на проблемот е втор тим по примерот на Ред Бул и АлфаТаури. 

Сите проблеми може да се решат доколку Алпин имаат клиентски тим, но шансите би им биле ограничени, иако за подобар мотор има повеќе заинтересирани.

Знам дека Алпин ја разгледуваат опцијата за втор тим и плаќање на 200 милиони долари за влез во спортот. Тоа можеби е лудо, но втор тим е одлична работа за развој на моторот за 2026 година.

Се размислува и за купување на друг тим кој ќе им даде шанса за промоција на нивните брендови Рено, Нисан и Митсубиши. 

Втор тим од Алпин нема да видиме во наредниот период бидејќи Ауди и Порше се заинтересирани за влез во спортотот. Савард посочи дека влезот на двата бренда е различен, Ауди сака свој тим превземајќи постоечка екипа, додека Порше сака да биде партнер. 

Двете компании имаат различни идеи. Ауди сака да купи екипа,  додека Порше сака ексклузивно партнерство. 

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -
- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

ПОПУЛАРНО

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

ПАДОК КЛУБ

повеќе на оваа тема