0 ден

Нема продукти во Кошничката.

ОФИЦИЈАЛНО

АлфаТаури го задржува Тсунода и догодина

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -
- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

АлфаТаури и формално потврдија дека Јуки Тсунода ќе продолжи да се трка за нивната екипа и следната сезона.

Јапонецот дојде во Формула 1 во пресрет на минатата сезона откако три години претходно напредуваше низ сите јуниорски тркачки категории. Минатата дебитантска сезона забележа најдобар пласман на 4то место на крајот од сезоната во Абу Даби, но имаше само 3 топ 10 пласмани годинава екипата назадуваше низ поредокот.

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

Се очекуваше Јуки да остане дел од тимот, а сега тоа и официјално е потврдено.

сакам многу да им се заблагодарам на ред бул, хонда и алфатари што продолжуваат да ми даваат можност да возам во формула 1. се преселив во италија лани за да бидам поблиску до патеката и се чувствувам како дел од тимот така што ми е мило што ќе продолжам да се тркам за нив и во 2023 година.

секако дека оваа година сеуште не е завршена и мораме да продолжиме да притискаме силно во борбата во средината на поредокот и јас сум фокусиран на силен крај од првенството – посака тсунода.

Во моментов Тсунода е на 16то место во возачкиот поредок, а тимот сеуште нема потврдено втор возач за следната година иако Пјер Гаси има валиден договор, но и силен интерес од Алпин. Доктор Хелмут Марко сакаше да го ослободи Гасли од обврските само доколку Колтон Херта дојде во тимот, но тоа е повеќе невозможно.

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

Ново во Падок Клуб

Вандорн ќе вози и ВЕЦ годинава

Формула Е фабричкиот возач на Мерцедес и резервист во Формула 1 тимот, белгиецот Стофел Вандорн, ќе одработи...
- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

Популарно

Волф: Распоред со три последователни трки е тежок

Тото Волф, шефот на шампионскиот Мерцедес, признава дека тешкиот распоред во 2020 година се повеќе и повеќе...

PSS ТЕХНИЧКИ ПРЕГЛЕД

Можеби ќе те интересира ...

🎥 Гасли се запали на Марина Беј

Болидот на Пјер Гасли се запали додека беше во боксот маневриран за да се паркира во гаражата. Механичарите...

Гасли: АлфаТаури може до 6то место кај конструкторите

Французинот Пјер Гасли смета дека АлфаТаури може да стигнат до шеста позиција кај конструкторите до крајот на...