АлфаТаури охрабрени од брзината во Турција

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -
- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

најново

ПАДОК КЛУБ

Пјер Гасли смета дека АлфаТаури АТ02 болидот работи одлично секаде така што тимот напаѓа да го мине Алпин во борба за 5то место во конструкторскиот поредок.

Малата екипа од Фаенца до сега нема топ 5 пласман кај конструкторсите во својата историја, сметајќи го и периодот кога тимот беше познат како Минарди, основан во 1985 година.

Гасли заврши на 6то место во Турција и покрај казната од 5 секунди за сударот со Фернандо Алонсо, нешто што му овозможи на тимот да дојде на само 12 поени од Алпин во борбата за 5то место.

она на што можеме да сме горди од последната трка во турција се нашите перформанси кои беа одлични, а на квалификации бевме само десетинка од ферари и од ред бул. трката можеше да биде и подобра без казната, но и покрај тоа завршивме на 10 секунди од подиум, единствено зад мерцедес, ред бул и ферари, што е многу позитивно.

добирвме потврда дека сме во одлична позиција во средина на поредокот повторно – задоволен е гасли.

За време на последното Американско Гранд При во Остин кое се одржа во 2019 година, возачите се жалеа на нерамнините на патеката. Ситуацијата се повтори и на овогодинешното издание на МотоГП трката, но французинот не учекува работите да се поправат целосно.

ја гледав мотогп трката пред неколку недели, а нерамнинит ионака беа преголеми последен пат кога се тркавме таму, станале уште поголеми. тоа ќе бара компромиси во врска со сетирањето, но нема да дознаеме додека не дојдеме и не почнеме да возиме.

не сум особено загрижен затоа што нашиот болид работи одлично секаде, само треба паметно да сетираме и со добар резултат ќе се доближиме до алпин во првенството.

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -
- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

ПОПУЛАРНО

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

ПАДОК КЛУБ

повеќе на оваа тема