Америка: Победа за Ботас, но Хамилтон стана првак по 6ти пат

Мерцедес стигнаа до 1-2 победа на Големата награда на Америка на 200та трка каде “сребрените стрели“ имаа болид во првиот стартен ред. Луис Хамилтон беше на 2ро место, но доволно за да освои нова титула, 6та во неговата кариера, само една помалку од Михаел Шумахер кој е водечки на таа листа.

Секунда зад Мерцедес заврши Макс Верстапен, пред Ферарито на Шарл Леклер и вториот Ред Бул возен од Алексанер Албон.

Стартот беше добар за Мерцедес, лош за Ферари. Ботас си ја задржа својата пол позиција, Луис Хамилтон уште на стартот го мина Шарл Леклер, а неколку кривини подоцна и Себастијан Фетел, позиционирајќи се на 3то место зад Верстапен.

Очајот беше во Ферари, Леклер загуби позиција од Хамилтон, но го доби местото на Себастијан Фетел кој како да стартуваше со гуми од фрижидер и паѓаше во поредокот. Германецот по првиот круг беше 7ми откако загуби позиции од Леклер, Хамилтон, Верстапен, Рикардо и Норис, 5 загубени позиции откако во 2019 година немаше загубено позиција во првиот круг.

На првата кривина силен контакт имаа Карлос Саинз од Мекларен и Александер Албон од Ред Бул. Британецот со тајландско потекло влезе во бокс уште по првиот круг и промени на хард. Стјуардите го испитуваа инцидентот, но решија д не казнат никого.

Кругот број 8 беше моментот кога Себастијан Фетел преагресивно мина преку дупките на 9та кривина од патеката и откажа суспензијата на неговото задно десно тркало. Германецот се откажа за прв пат на трка во Америка.

Во 9от круг Даниел Рикардо го мина Карлос Саинз во борбата помеѓу Мекларен и Рено која треше цела трка.

Кругот бтој 13 беше моментот кога Макс Верстапен влезе по нови гуми, монтираше хард, а следниот круг тоа го направи и возачот кој беше пред него, Валтери Ботас, препуштаји му го водството на Луис Хамилтон. По дв круга на патект, Ботас го мина Леклер за 2ро место, а набрзо потоа и Верстапен го стори истото за 3то месо.

Во 20от круг промена на хард имаше и Шарл Леклер, но механичарот кој работи на задното десно тркало не заврши совршена работа и тоа беше бавно менување, кое на крајот не се покажа кобно. Младиот возач од Монако излезе зад дваа болиди на Рено, по три кругови го мина Хулкенберг, а во меѓувреме Рикардо влезе во бокс.

Кругот број 24 беше моментот кога Валтери Ботас го мина Луис Хамилтон за водство, но и кругот кога Луис се реши и тој д промени на хард.

Во 26от круг, возачот на Ред Бул, Александер Албон влезе во поени претекнувајќи го Кими Раиконен за 10то место.

Следниот круг по медиум во бокс влезе Макс Верстапен, а круг подоцна тоа го направи и Валтери Ботас, слично како и нивната прва промена.

Албон беше во форма во овој дел од трката. Најпрво во 37от круг го мина Ландо Норис за 6то, а следниот круг и Даниел Рикардо за 5то, но по три кругови влезе по софт гуми во гаражата. Но, со минувањето на Саинз и Риакрдо во 46от односно 48от круг повторно си го поврати 8то место.

Во 43от круг по софт влезе и Шарл Леклер, се врати ултра брз на патеката и на крајот го освои поенот за најбрз круг.

Во 51от круг Ботас го нападна Хамилтон за водство, но не успеа да мине, нешто што го стори следниот 52ри круг од трката. Последните неколку кругови, да го преземе местото на Хамилтон сакаше и Верстапен, но немаше сила за тоа.

 

Роберт Кубица се откажа од тркт во 33от круг, а во 55от откжаа и сопирачките на Кевин Магнусен.

Даниел Рикардо заврши како најдобар од останатите пред тандемот на Мекларен, Норис пред Строл, а потоа беше и вториот возач на Рено. Чеко Перез беше жртва на Торпедото во последниот круг кога Квјат нападна и заврши во поен.

ПОВЕЌЕ НА ОВАА ТЕМА ...

РЕКЛАМЕН ПРОСТОР

НАЈНОВИ ВЕСТИ

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ

РЕКЛАМЕН ПРОСТОР

ПАДОК КЛУБ

ФОРМУЛА Е

РЕКЛАМЕН ПРОСТОР

МОТО ГП

ТЦР ЕВРОПА

РЕКЛАМЕН ПРОСТОР

Ф1 ИНСАЈДЕР

КРУГFLIX