0 ден

Нема производи во кошничката.

Андрети: Соработката со производител беше идеја на Бен Сулајем

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

Марио Андрети откри дека Претседателот на ФИА, Мохамед Бен Сулајем го советувал да почнат соработка со некој производител со цел побрзо да влезат на гридот.

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

Шансата на Андрети Глобал да постават свој тим на гриот во иднина се зголеми на почетокот на овој месец откако објавија дека гигантот Џенерал Мотор и нивниот бренд Кадилак ќе бидат нивни партнери.

тој не советувше да станеме партнери со некој голем производител за да нашиот проект добие на силина и длабочина. поради тоа дојде партнерството со кадилак што значи дека имаме взаемен интерес со џенрал моторс – појасни поранешниот формула 1 првак.

Главна грижа на спортот односно екипите од серијата е разводнувањето кое ќе го донесе 11та екипа на гридот и фактот што наградниот фонд ќе мора да се подели на повеќе делови. Но, Андрети е убеден дека нивното присуство на гридот ќе ги зголеми приходите на тркачката серија.

пари, пари, но кои пари. колку пари ќе се намалат приходите на некоја екипа ако влеземе ние?

со експоненцијалниот раст на формула 1, да се види американски тим со целосно американски идентите ќе биде страшно позитивно за сите страни.

Во моменто ФИА работи на проценка на поднесената документација од страна на Андрети и потенцијално проширување на гридот, нешто што се очекува да заврши за неколку месеци. Во исто време, во своето седиште во САД, Андрети веќе работи на нова фабрика.

вистината е дека ние го оформуваме тимот секојдневно за да бидеме целонсо подготвени кога ќе добиеме дозвола за тоа. програма како оваа е многу сложена и поради тоа треба брзо да се напредува, иако не со максимална брзина, но да се донесат некои клучни луѓе и да се почне со градење на екипата.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

ПОПУЛАРНИ ВЕСТИ

НАЈНОВИ ВЕСТИ