Антонини: Хамилтон и Волф ги започнаа шпекулациите за Ферари

Поранешниот човек одговорен за односи со медиумите во Маранело, Алберто Антонини, се сомнева дека гласините за евентуалниот трансфер на Луис Хамилтон во Скудерија Ферари биле започнати лично од шесткратниот првак.

Сегашниот новинар Антонини кој до почетокот на годинва беше одговорен за контакт со медиумите во Ферари, ја посочи веста на италијанск La Gazzetta dello Sport кои пишуваа дека Луис два пати се сретнал со Претседателот на Ферари, Џон Елкан оваа година.

Потоа, тој откри дека и Нико Розберг го посетил Маранело пред неколку години, но никој не дознал ништо околу тоа.

во тоа време се зборуваше дека ферари бараат замена за кими раиконен. замислете што ќе се случеше доколку медиумите дознаа нешто околу тоа, но тоа беше само нико, не и луис.

во минатото дури и тото волф беше во маранело и бевме на вечера и не бевме само ние двајцаа. но, весниците не пренесоа ништо околу тоа следните денови.

кога сакате да се сретнете тајно со некого, тоа вообичаено не го знае никој, така што доколку имало два состанока на елкан со хамилтон, тогаш тоа било поради тоа што некој ги барал тие состаноци – појасни антонини

Новинарот се сомнева дека можеби лично Хамилтон во соработка со својот шеф Тото Волф ги “протекол“ вестите во јавноста.

тоа секако не бил никој од ферари откако менаџментот цела година има други поголеми проблеми. имаат цела година пред себе со истите возачи така што воопшто не им е во интерес да објавуваат некоја таква вест околу хамилтон.

веста по се изгледа дошла од некој на кого истата му оди во прилог, а можеби е начин за луис да почне еден вид војна во пресрет на продолжувањето на договорот со мерцедес. јас мислам дека е само начин за луис и тото да ги убедат своите шефови во штутгарт да не се откажуваат од формула 1 – заклучи антонини.

НАЈНОВО

🎥 Како “јаваше“ Луис Хамилтон

Актуелниот шампион, Луис Хамилтон, уживаше управувајќи со МотоГП машинеријата на Валентино Роси. https://www.youtube.com/watch?v=RJvgTLxkGxE&feature=emb_title
- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

популарно

Бахреин: Ферари се самоуништи и му подари победа на Мерцедес

Со многу среќа, со премногу среќа, Мерцедес стигнаа до нова 1-2 победа, втора за нив годинава на втората трка од календарот, а најзаслужни за...