Арапите немаат проблем со активизмот на Хамилтон

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

Сауди Моторспорт Компани, промотери на трката во Саудиска Арабија, немаат проблем со активизмот на Луис Хамилтон во нивната земја. 

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

Седумкратниот првак изјави дека не му е пријатно да се трка во регионот поради нарушувањата на човековите права во Саудиска Арабија и Емиратите. Минатата година имаше ракетен напад во близина на патеката пред трката во Саудиска Арабија. 

Претсетаделот на СМК, принцот Калид Ал Фаисал изјави:

Сакаме секој да си каже што мисли. Немаме ништо против било чие мислење и Не сакаме да го запреме Хамилтон да каже што мисли или да носи што сака. Мислам дека тоа е правилно и негово право. Ние си имаме наша култура и традиција и закони на Саудиска Арабија. Тие правила мора да се почитуваат.

За време на тренингот во Саудиска Арабија, Хамилтон носеше кацига со боите на прајдот кои ја претставуваат ЛГБТ заедницата. Истополовите бракови и врски се забранети во Саудиска Арабија. 

Тој не разбира нас и ние него. Никој не го спречува да зборува што мисли. Луѓето може да го прифатат тоа или не. Знаеме каде оди Формула 1 и што носат овие настани. Сите сакаат да кажат нешто и немаме проблем со тоа. Не сакаме да го промениме тоа и не очекуваме промена од Луис. Мора да го разберемето тоа и да живееме со разликите. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

Ф1 промоции 2023

популарни вести

НАЈНОВИ ВЕСТИ