- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

Астон Мартин веќе подготви службен автомобил за Себ

Себастијан Фетел неделава потпиша договор согласно кој во иднина ќе вози за фабричкиот тим на Астон Мартин, а од производителот побрзаа да му подготват Vantage AMR возило за неговите потреби.

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

Откако пред почетокот на сезоната Ферари објавија дека нема да ја продожлуваат соработката со германскиот четирикратен првак, Астон Мартин оваа недела официјално потврдија дека следната година тој ќе вози за нивниот фабрички тим. Германски Auto, Motor und Sport пренесува слики од најнов модел на Астон Мартни подготвен за нивниот нов пилот.

Се работи за моделот Vantage AMR со 510 коњски сили чија цена почнува од 185.000 евра, а произведени ќе бидат само 200 автомобили, најголем дел во сина, црна и бела боја, но за Фетел е изработена посебна сива нијанса. Моќниот мотор го придвижува овој Астон до 100 кмч за 4 секуди.

Подготвена е и посебна регистрациска табличка за сеуште актуелниот возач на Скудерија на која едноставно пишува SEB, по што пишува AM како скратеница за Астон Мартин и на крајот F1.

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

НАЈНОВО

Хорнер: Потисната сила во 2021 треба да биде уште помала

Тимскиот шеф на Ред Бул, Кристијан Хорнер, смета дека ФИА требала уште повеќе да ја намали потисната сила на болидите за 2021...

РЕЗУЛТАТИ

Тоскана: Лу-Ди-Ло на Муџело во кое Хамилтон победи

Доколку Формула 1 шефовите сметаат дека Тосканското Гранд При ќе биде во календарот само оваа година мора да смислат многу добра причина за тоа...

популарно

Вебер предупредува: Леклер може да замине во иднина

Марк Вебер смета дека падокот треба да внимава на Шарл Леклер затоа што со заминувањето на Себастијан Фетел од тимот, младиот возач од Монако...