Астон Мартин почнува со градба на новата фабрика

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -
- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

најново

ПАДОК КЛУБ

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

Астон Мартин ќе започне со градба на нивната нова најсовремена фабрика непосредно по потврдата за набавка на ново земјиште.

Тимот, кој до лани се викаше Рејсинг Поин,т во текот на зимската пауза, првично планираше да работи во нивниот нов објект во Силверстоун на средината на оваа година.

Но, тие планови беа ставени во мирување поради Ковид-19 и тимот минатиот Јули потврди дека нивната нова цел ќе биде да се отвори во средината на 2022 година, за подоцна да се предвиди да биде готова во Август истата година.

Иако немаше ново ажурирање за временската рамка на проектот, сега е потврдено дека градежните работи ќе започнат многу скоро по нивната пријавена повеќемилионска зделка за купување на земјиште од земјоделецот Стив Тустијан. Тимскиот шеф на Астон Мартин, Отмар Шафнауер, изјави:

градбата започнува многу брзо. Ќе започнеме со подготовка на темелите, отстранување на некои дрвја и тоа започнува сега.

Тоа е одлична локација. Ќе биде поблиску до патот Дадфорд, што води кон Силверстоун.

Ние секогаш имавме намера да купиме земја и да потпишеме договор со земјоделецот, кој конечно го завршивме. Убаво беше што земјоделецот го потврди договорот.

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -
- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

ПОПУЛАРНО

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

ПАДОК КЛУБ

повеќе на оваа тема