0 ден

Нема продукти во Кошничката.

Астон Мартин се надеваат на добар крај на сезоната

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -
- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

Тимскиот шеф на Астон Мартин, Мајк Крак, гледа нагорен тренд во перформанси од својата екип, така што е оптимист на патеките со висока потисна сила кои следуваат во календарот.

Протекување на масло од моторот ги заврши предвреме трките на Себастијан Фетел и Ленс Строл во Монца, незавршени трки по неколку топ 10 пласмани претходно. Италијанското Гранд При се вози на патека со голема потисна сила, Зандвор не беше баш таков, но следуваат бавни автодроми.

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

Крак верува дека однесувањето на болидот и перформансите на Холандското Гранд При се оптимистичка најава за трките кои следуваат.

мислам дека следуваат некоклу трки на кои ќе бидеме поконкурентни. видовте дека на зандворт имавме потенцијал за к3 на квалификациите, себастијан имаше проблем во својот круг кој ги уништи квалификациите додека имаше исто време како ленс кој мина понатаму. така, потенцијал имаме и охрабрени сме – посочи крак.

Следната недела на програмата е трката со најмногу кривини во календарот, Сингапурското Гранд При кое се вози прв пат од 2019 година поради пандемијата. Последен возач кој победи на 5-километарската патека беше Себастијан Фетел со Ферари.

мислам дека сингапур е патека каде секогаш себ бил добар, така што имаме голема надеж дека ќе постигне нешто добро на трката.

веруваме во нашите перформанси на следните трки особено по зандворт, викенд каде бевме добри во сабота и во недела. имаме и новини на сингапур, патека која бара слична потисна сила како зандворт и будимпешта и поради тоа веруваме во силен пласман

Но, Фетел немал секогаш среќа во Сингапур каде во 2017 година како возач на Ферари се судри со Кими Раиконен на стартот бранејќи се од конкуренцијата.

Но, шефот Крак верува во нагорните перформанси на Астон на Марина Беј и не ни помислува дека неговите возачи ќе имаат проблеми.

не може да се планира секој потрошен долар затоа што мора да имате резерва за судари и несреќи. до сега сме среќни што немавме многу такви проблеми, но следуваат сингапур и сузука кои се скапи трки.

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -
- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -
- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

Ново во Падок Клуб

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

Популарно

Перез казнет, но ја задржува победата

Серхио Перез може да продолжи со прославата на својата победа во Сингапур по конечната одлука на стујардите. Возачот...
- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -
- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

PSS ТЕХНИЧКИ ПРЕГЛЕД

Можеби ќе те интересира ...

Латифи доби 5 места казна за Јапонија

Николас Латифи доби казна од пет места на гридот во Јапонија за неговата вмешаност во инцидентот со...

Aлонсо фрустриран: Ова е неприфатлива загуба за Алпин

Фернандо Алонсо ја изрази својата фрустрација откако двојното откажување во Алпин на Големата Награда на Сингапур му...