0,00 ден

No products in the cart.

Батон не знае кој ќе ја освои титулата

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -
- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

најново

ПАДОК КЛУБ

На две трки до крајот на сезоната, поранешниот Формула 1 првак, Џенсон Батон, не знае кој би ја освоил титулата. 

Доколку ја освои титулата, Луис Хамилтон ќе го помине легендарниот Михаел Шумахер и ќе биде возачот со најмногу титули во историјата. Доколку не се случи тоа и Макс Верстапен ја освои титулата, таа ќе биде прва за него, но Хамилтон е во одлична форма и се чини дека во Саудиска Арабија тој би имал предност по одличните две трки во Бразил и Катар. 

Возбудливо е нели? На две трки до крајот разликата е осум поени и двајцата возачи имаат брзи болиди. Не може да се каже кој е подобар.

Не знам кој ќе ја освои титулата бидејќи и двајцата вршат одлична работа, како и нивните тимови. Се чини дека во моментов можеби Мерцеес е побрз, но се зависи од патеката. Така ќе биде до Абу Даби и не знам што ќе биде до крајот – вели џенсон.

Брзината на правците ќе биде клучна во Саудиска Арабија, но се чини дека Мерцедес веќе немаат толку голема предност. 

Ќе биде тесно бидејќи не знаеме колку ќе бидат брзи на наредната трка во Џеда. Тоа е возбудлива патека, Многу е брза и нема место за грешка бидејќи бариерите се веднаш до патеката.

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -
- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

ПОПУЛАРНО

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

ПАДОК КЛУБ

повеќе на оваа тема