Батон сака повеќе спринт трки

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -
- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

најново

ПАДОК КЛУБ

Џенсон Батон ја поздрави одлуката да се организираат повеќе спринт трки наредната сезона за да ги помеша сметките на возачите и тимовите. 

Во падокот има поделено мислење за новиот спринт формат, иако имаше една успешна и една просечна трка оваа сезона. Шефот на Астон Мартин, Отмар Шафнауер, смета дека треба да се направи анкета помеѓу фановите дали сакаат да гледаат седум спринт трки во 2022 година. 

Батон, од друга страна, смета дека е потребно да се додаде различна димензија на стандардниот тркачки викенд. 

Знам неколку луѓе кои гледаат чудно на спринт трките, но мене ми се допаѓаат. Ги прават работите поинтересни за возачите, инженерите и стратезите. Викендот е различен доколку има спринт трка.

Ми се допаѓаат квалификациите во петок и тоа значи дека возачите имаат пократок тренинг за кој треба да се подготват за квалификации. Тоа ги поматува квалификациите и спринт трката е дополнително возбудлива, но само на некои патеки, не на сите – смета поранешниот првак.

Стефано Доменикали потврди дека наредната сезона ќе има спринт на една третина од патеките, откако успешно ќе заврши пробниот период. Има уште една шанса за тест на Интерлагос во Сао Паоло за која се очекува да биде успешна трка. 

Имаме многу позитивни коментари. Промотерите се супер среќни со новиот додаток во петок и сабота. Имаме одличен план и размислуваме за промени кои ги бараат луѓето на кои не им се допаѓа новиот формат.

Генерално имаме успех, Но не може секаде да го имаме овој формат. Сакаме да одржиме на максимум една третина од трките и да биде на посебни патеки каде ќе се направи разлика. 

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -
- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

ПОПУЛАРНО

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

ПАДОК КЛУБ

повеќе на оваа тема