- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

Батон: Хамилтон е “најчист“ возач против кој сум се тркал

Џенсон Батон го нарече Луис Хамилтон “најчистиот возач против кој се тркал“ и верува дека сите треба да бидат фанови на шесткратниот шампион, без разлика дали го сакаат како личност или не.

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

Шампионот Батон помина три од неговите 17 сезони во Формула 1 како тимски колега на Луис Хамилтон и беше подобар од него во една од тие години. Тој признава дека е горд со тоа што го постигнал против возач кој се очекува да ги сруши сите големи рекорди и да се изедначи со Михаел Шумахер во бројот на титули.

Мислам дека тој е скромен, а Тоа може и да го забележите. Не го познавам Луис сега толку, но Луис од 2012 година беше екстремно талентиран возач, чиј цел живот беше околу тркањето. Морав да работам напорно да го поразам, а очигледно не се случуваше толку често, Но се случи еднаш и бев среќен со моето постигнување.

Тој беше подобар од мене во квалификации, но можев да се тркам против него. Луис има научено многу од тогаш, Тој секогаш се грижи за пневматиците, за горивото, за болидот … знае што прави. 

Дали сте или не сте фан на Луис како личност, дефинитивно треба да бидете фан како возач. Тој е неверојатно талентиран и не игра игри. Не игра нечисто. Всушност, тој е најчистиот возач против кој сум се тркал – полн со пофалби за актуелниот првак е батон.

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

НАЈНОВО

Еклстон: Време е Хамилтон да добие силен колега

Берни Еклстон има огромна почит за достигнувањата на Луис Хамилтон, но смета дека е дојдено време да добие нов колега. Шесткратниот првак многу скоро ќе...

РЕЗУЛТАТИ

Португалија: Хамилтон го сруши Шумахер, 92ра победа за шампионот

Луис Хамилтон го сруши Михаел Шумахер од првото место на вечната листа на победници со својот триумф на Португалското Гранд При што беше победа...

популарно

Мерцедес објаснија зошто не му дозволиле софт на Ботас

Тото Волф објасни дека Мерцедес биле “тврди“ во својата одлука во однос на планираната стратегија за Валтери Ботас на Португалското Гранд При и покрај...