Бахреин: Гросжан едвај преживеа, Строл на “покрив“, Перез се запали, ама Хамилтон повторно победи

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -
- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

најново

ПАДОК КЛУБ

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

Се случи се и сешто на денешното Бахреинско Гранд При, но на крај остана како по навика, Луис Хамилтон до нова победа, 11та оваа тркачка сезона.

Роман Гросжан имаше страшен судар и се вивна во пламен, но преживеа, Ленс Строл успеа да го преврти целосно својот болид, Серхио Перез го запали моторот, Валтери Ботас со дупната гума до 8мо место и крај на трка под безбедносно возило.

Шарл Леклер, Роман Гросжан и Николас Латифи се наредија на гридот како единствени тројца со хард гуми, додека Карлос Саинз кој мораше да надоместува за стартот од 15то место тргна на софт. Сите останати на жолто маркиран медиум.

Стартот лош за оние кои беа на нечистата страна од патеката, Ботас “падна“ дури на 6то место, Рикардо фантсатично тргна, но 3та кривина и она што му се случи таму на Роман Гросжан ги запрепасти сите.

Имено, французинот беше во дуел за позиција кога ненадејно сврте во десно каде беше Даниил Квјат и со кого имаше контакт по кој директно со над 220 кмч се залепи во оградата. Неговиот Хаас букцално се преполови, тој остана заглавен во банкината и треба до крајот на животот да му биде благодарен на хало уредот. Среќа што трката самошто започна така што медицинското возило беше веднаш зад возачите, докторот и маршалите експресно реагираа, Гросжан беше присебен и успеа да се извлече од кокпитот, доби помош и заврши само со мали изгореници на рацете и зглобовите. Сите инволвирани реагираа фантастично во нешто што можеше да биде кобно пред се за возачот.

По овој страшен инцидент трката беше во прекин 1 час и 25 минути по што следуваше старт од гридот со поредок како што бил кога се развија црвените знамиња, односно Хамилтон пред Верстапен, Перез и Ботас, а потоа Албон и Дани Рикардо.

Безбедносното возило се повлече, болидите стигнаа до средина од патеката и повторно инцидент и повторно русинот Квјат учесник. Ленс Строл се бореше со АлфаТаури за позиција кога Квјат се обиде да мине од внатре иако немашр простор за тоа. Следуваше страничен судар по кој Строл заврши со превртен болид, но немаше никаква повреда, а Дани доби 10 секунди казна за оваа глупост.

По 8 кругови на патеката се повлече безбедносното возило откако Рејсинг Поинт болидот беше отстранет од патеката, но Ботас имаше дупната гума борејќи се за позиција, влезе, промени и се приклучи како последен.

Кругот број 9 беше моментот кога Карслос Саинз го мина Даниел Рикардо за 8мо место, а следниот и Шарл Леклер за 7мо. Возачот на Ферари набрзо беше минат и од Рикардо и Пјер Гасли по што падна на 10та позиција, на која на крајот и заврши носејќи поен за себе и за екипата.

Возачите на Рено беа први кои влегоа во боксот во 17от односно 18от круг и своите стари медиум ги променија за нови. Во 20от круг истото го сторија и Хамилтон и Албон, а круг подоцна и Верстапен и Перез. Но, Макс се обиде алтернативно и мина на хард, не на медиум.

Во кругот број 22 додека беше на 3то место по нови гуми се повлече и Карлос Саинз, а два круга подоцна промени на хард и Шарл Леклер.

Норис и Ботас имаа дуел во 26от круг кога британецот мина за 6то место, а потоа финецот направи втора промена на гуми во тркта.

Карлос Саинз беше човекот на овој дел од трката откако во 26от круг го мина Даниел Риакрдо за 7мо место, а следниот круг и неговито колега Окон за 6то.

Во 30от круг возачите на Рено решија да си ги променат позициите откако беше јасно дека Рикардо е побрз од Окон.

Кругот број 32 имаше дуел Мерцедес – Ферари, но за 10то место откако Ботас го мина Леклер.

Верстапен, Албон и Окон монтираа нови хард во 35от круг, Хамилтон по нив зада ја покрие стратегијата на Макс, а Перез во 37та обиколка пред Саинз.

Макс Верстапен се реши за нови гуми во 47от круг за да нападне за најбрз круг на трката што на крајот и успешно го стори.

На два круга пред крајот голема возбуда откако откажа моторот на Серхио Перез додека тој се возеше на 3то место. Едноставно силен чад излегуваше од Мерцедесовиот агрегат, Чеко не сопираше, но набрзо моторот и пола болид се запалија. Застанувањето на Чеко донесе безбедносно возило под кое заврши трката.

На крајот, нова победа за Хаммилтон пред тандемот на Ред Бул кој се најде на подиум, Макс пред Алес, а следуваа двата Мекларени, Норис пред Саинз. Пјер Гасли заврши со една промена на гуми и сам обезбедноното возило кое го донесе Перез му го зачува 6то место пред Даниел Рикардо. Вториот возач на Мерцедес, Валтери Ботас, заврши на 8мо место пред Естебан Окон и Шарл Леклер.

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -
- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

ПОПУЛАРНО

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

ПАДОК КЛУБ

повеќе на оваа тема