Белгија: Леклер мајсторски, заслужено, за Антоан

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

Ферари беше на врвот во секоја тренигн сесија на Спа Франкошамп, на секој дел од квалификациите по легендарниот белгиски автодром, а Шарл Леклер испорача победа за тимот и прва за себе во Формула 1 кариерата посветувајќи му ја на неговиот пријател, вчера починатиот Антоан Хубер.

За жал италијанците не стигнаа до 1-2 победа затоа што Себастијан Фетел прерано промени гуми и плати цена за тоа со влегување повеќе од конкуренцијата и пласман на 4то место. На подиумот крај Леклер и двајцата возачи на Ферари.

Стартот на трката навести возбуда затоа што по првата кривина Себ веќе ја загуби својата позиција и беше истуркан од патеката од страна на Луис Хамилтон, но “го фати“ на иста финта како и лани, имаше огромен залет по О’Руж и на Кемел правецот мина крај Луис повратувајќи си го своето второ место од калификациите.

На првата кривина контакт имаа Макс Верстапен и Кими Раиконен. Холанѓанецот загуби 2-3 позиции на стартот и како и секогаш сакаше се да надомести во една кривина, во првата. Влезе каде што никој не го очекува, во внатрешната страна да ѕидот каде што беше траекторијата на движење на Кими и логично завршија со судар. Макс продолжи со дефектно тркало и заврши во оградатра на О’Руж, а Кими заврши во бокс по промена на делови. Ова донесе безбедносно возило кое остана на патеката до 4от круг.

По крајот на првиот круг кај механичарите освен Раиконен се најдоа и Карлос Саинз и Даниел Рикардо, а Мекларен болидот на шпанецот изгасна додека тој се поготвуваше да се врати на патеката. Проблемите за Карлос немаа крај затоа што излета и ја заврши трката во 3от круг под безбедносно возило.

Кевин Магнусен на почетокот на трката беше 7ми, но вртоглаво губеше позиции од Строл, Гасли, Квјат, Џовинаци и многу брзо се најде надвор од поени како плен за сите зад него.

Во круготброј 16 прв по нови гуми од водечките влезе Шарл Леклер и свотие стартни софт ги промени со медиум. На патеката се врати зад Ландо Норис, но му требаше нецел круг за да го мине.

Во 20от круг нови гуми доби и Норис кој се возеше на 5то место, загуби позиции од Џовинаци и Квјат, но експресно си ги врати и си дојде на своето 5то место.

Во 21от круг нови медиум доби и Шарл Леклер, круг по него и Хамилтон, а на крајот и Ботас. Менувањето кај Хамилтон беше секунда побавно од останатите поради поблеми со заедното тркао. По комплетното менување се чини искористи Фетел кој ја поведе трката.

Александер Албон дури во 24от круг се реши по нови гуми, но тој почна на медиум и промени на софт поради што беше екстремно брз до крајот на трката.

Во 26от круг Ферари даде тимска наредба Фетел и Леклер да си ги променат позициите за да малдиот возач не губи време затоа што имаше понови гуми од искусниот германец.

Само шест кругови подоцна поточно во 32от, Мерцедесо на Хамилтон мина покрај Фетел откако неколку кругови бараше простор и будно го следеше, а два круга подоцна Фетел се реши за промена на софт со кои постави најбрз круг.

Буквално во последниот круг Антонио Џовинаци излета во ѕид во момент додека беше во поени, а трогателна беше глетката да се види Ландо Норис заглавен на стартно целната рамнин со болид во место откако цела трка се возеше на 5то место.

Леклер ја прекина “сувата“ сезона на Ферари и донесе победа во Маранело пред Хамилтон и Ботас, а Себ иако тргна од 2ро место, фимишираше две позиции поназад. Александер албон стигна до својот најдобар пласман во кариерата на првата трка за Ред Бул користејќи го својот софт за 5то место.

Рејсинг Поинт имаа одлична трка со Перез на 6то место, а Строла на 10то. Даниил Квјат беше одличен за Торо Росо и стигна до 7мо место, а неговиот колега беше 9ти. До 4 поени дојде и Нико Хулкенберг со 8мо место.

ПОВЕЌЕ НА ОВАА ТЕМА ...

РЕКЛАМЕН ПРОСТОР

НАЈНОВИ ВЕСТИ

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ

РЕКЛАМЕН ПРОСТОР

ПАДОК КЛУБ

ФОРМУЛА Е

РЕКЛАМЕН ПРОСТОР

МОТО ГП

ТЦР ЕВРОПА

РЕКЛАМЕН ПРОСТОР

Ф1 ИНСАЈДЕР

КРУГFLIX