Поранешниот Формула 1 возач, австриецот Герхард Бергер, објасни дека недостатокот на различност во тимот е проблемот на Скудерија Ферари во последните години.
Австриецот возеше за Ферари во текот на неговата тркачка кариера и смета дека тимот можел да биде подобар доколку се слушале и други култури надвор од италијанската.
Италијанската култура е одлична и дава добра атмосфера, но го нема убиствениот инстинкт. Понекогаш со различна атмосфера како Жан Тод, Рос Браун и Рори Брн ќе го добиете тоа што ви треба, Но италијанците се такви, не сакаат да излезат од комфорт зоната. Убаво е да се види мешање на култури од различни земји – смета герхард.
Бергер потенцираше дека легендите како Ники Лауда и Михаел Шумахер биле успешни поради различноста.
Морам да кажам дека имаа добри возачи како Алонсо, Фетел, Мансел, Прост и пак не победија. Но имаше двајца кои го направија Ферари победнички тим. Михаел имаше добри способности, а Лауда имаше посебна работна етика.
За Бергер проблемот на Ферари е што последните четири шефови на тимот се италијанци и поради тоа не се во можност да се борат за титулата.