Бергер со црвен килим би го пречекал Роси во ДТМ

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -
- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

најново

ПАДОК КЛУБ

Шефот на германски ДТМ, Герхард Бергер, вели дека би се однесувал кон легендата во Мото ГП, Валентино Роси, како кралско семејство доколку италијанецот некогаш одлучи да се приклучи на редовите на долгогодишната германска серија.

Разгледувајќи ја актуелната сезона на шампионатот ДТМ, Бергер го изрази своето задоволство од успехот на серијата и нејзиното олдлично ниво на конкуренција. Заминувањето кон крајот на 2019 година на постојаните учесници Ауди и БМВ им ја отвори вратата на многу приватни тимови кои се желни максимално да ги искористат новите регулативи базирани на GT3 серијата.

Целосно сум среќен со оваа сезона и сметам дека сме на добар пат со ДТМ – изјави Бергер неодамна за медиумите.

Поранешниот возач на Ферари и Мекларен во Формула 1 беше запрашан дали имиња од висок профил на моторспорт, како што е Валентино Роси, може да се приклучат на серијата во иднина и Бергер рече дека сигурно ќе го поздрави идниот пензионер во Мото ГП.

Би било одлично. Тој исто така ќе биде заинтересиран и ние ќе го извадиме црвениот тепих за него.

Но, да му дозволиме да ја заврши својата последна сезона во Мото ГП. Тој исто така гради свој мотогп тим, но се разбира, ние би биле среќни со секој од овие високо рангирани возачи.

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -
- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

ПОПУЛАРНО

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

ПАДОК КЛУБ

повеќе на оваа тема