Берни смета дека врз Себ нема притисок годинава

Берни Еклстон најави дека Себастијан Фетел ќе вози “до даска“ на последните трки од оваа сезона затоа што нема да има притисок и нема да има што да загуби затоа што заминува од тимот на крајот од годинава.

не се сомневајте дека себастијан добива многу совети од берни – откри неговиот поранешен колега од ред бул, марк вебер.

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

89-годишниот Еклстон смета дека Фетел и Ферари се разделиле поради тоа што нивниот меѓусебе однос се распадна.

нивната соработка никогаш не беше совршена. никогаш не оставаа впечаток дека работат целосно посветено како екипа, како што работи шарл леклер со ферари. италијанците немаа целосна доверба во себастијан и тоа доведе до прекин на соработката – појасни госодин е за германскиот неделник Sport Bild.

Сепак, тој најави дека Фетел ќе даде се од себе штом почне оваа тркачка сезона.

ќе биде во можност да нападне на секоја трка без да има никаков притисок и да биде многу агресивен. ќе има можност да му покаже на леклер дека е многу далеку од пензија.

Во врска со иднината на возачот, Еклстон неодамна го советуваше Себ да ја прифати понудата од Рено, но сега смета дека треба да се упати накај Бракли и сребреинот болид на Мерцедес.

би сакал да го видам како дел од мерцедес. тото волф може да го убеди да потпише за нив. само замислете како ќе изгледа екипа со луис хамилтон и себастијан фетел во болидите. тоа ќе биде одлична вест за формула 1 и невиден публицитет.

НАЈНОВО

Рокит му должи 10 милиони фунти на Вилијамс

Откако минатата недела беше објавено дека соработката помеѓу Вилијамс и нивниот главен спонзор, Рокит, прекува веднаш, тимот потврди дека нивните обврски кон спонзорот биле...

популарно

Ферари со 20 “коњи“ повеќе во Австрија

Ферари цели да покаже посилен мотор уште на првата трка на Ред Бул Ринг во Австрија каде италијанците ќе донесат мотор со 20 коњски...