Биното искрен: Политиката е наша слаба страна

Шефот на Ферари, Матиа Биното, призна дека една од главните слабости кои неговиот тим мора да ја подобри во инднина е менаџирање на политиката во падокот многу подобро одошто до сега. Италијанците беа центар на сомневањата годинава поради својот мотор откако беа драстично побрзи од останатите на почетокот на вториот дел од сезоната, по што ФИА објави неколку објаснувања и директиви за моторите.

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

Во врска со сагата околу моторите, во своето интервју за Motorsport.com, Биното изјави дека ситуацијата лани открила област која не била силна за тимот.

тој момент покажа една наша голема слабост лани, не бевме добри кај полемиките, има екипи кои се посилни од нас и ги користеа медиумите за да не притиснат. треба да разбереме како д се подобриме во иднина затоа што тоа е дел од целокупната сезона – појасни биното.

Фокусот на Ферари на својата програма за мотори се покажа одличен ако се суди по придобивките кои ги направија со својот агрегат, иако ривалите се сомневале во начинот на кој италијанците стигнале до својата моќ.

за мене тоа беше само полемика и покажување со прст што на крајот значеше ставање на притисок над некого со прашаа на интевјуа, објаснувања, сомневања…

тоа ни го одвлече вниманието од секојдневието, а тоа е дел од искуството. секогаш велам дека сме млада екипа, а тоа не соочуа со нови ситуации.

Сепак, швајцарскиот инженер е полн со пофалби за својот оддел за мотори и начинот на кој успејаа да добијат толку големи подобрувања во новата ера и фактот што беа репер лани.

задоволен сум и знам дека тоа не е нешто што се случува една година. кога почнавме во 2014 година тоа беше целосно нов формат за нас, бевме загубени зад конкуренцијата, заостанувавме и долго работевме за да дојдеме на нивно ниво.

НАЈНОВО

Одложено и Канадското Гранд При

Големата награда на Канада официјално е додадена на листата на одложени настани од Формула 1 календарот за 2020 година поради пандемијата на Ковид-19 вирусот...

популарно

Мерцедес ги поставија условите за нивното учество во Ф1

Шефот на Дајмлер, Ола Калениус, ги постави условите и правилата под кои Мерцедес би продолжиле во Формула 1. Иако никој не очекува шесткратните шампиони да...