Биното не се премислува за спринт трките

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -
- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

најново

ПАДОК КЛУБ

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

Матиа Биното и Ферари ја потврдија подршката за организирање на спринт трки и открија дека разговорите до сега биле позитивни. 

Сеуште не е официјално потврдено дека ќе се организираат спринт трки оваа година бидејќи дискусиите се во тек и треба да се официјализира форматот и финансиите. 

Сеуште размислуваме позитивно. Генерално сме доста позитивно изненадени од дискусиите и ги поддржуваме – најави инженерот.

Во првите разговори се предлагаше трка со обратен грид како во Формула 2, но сепак тоа беше отфрлено поради тоа што многумина сметаа дека промената на поредокот би била ваштачки создадена. 

Во тоа време сакавме обратен грид. Сега форматот е променет и ние сме задоволни.

Мислам дека е потребна промена во која би уживале. Сега е се до финансиите и не толку до техничките правила. Имавме позитивна дискусија со шефовите, со ФИА и Формула 1. Се надевам дека конечно ќе го затвориме ова прашање. 

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -
- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

ПОПУЛАРНО

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

ПАДОК КЛУБ

повеќе на оваа тема