Биното: Ривалството помеѓу Леклер и Фетел е предност за нас

Тимскиот шеф на Ферари, Матиа Биното, смета дека ривалитетот кој владее помеѓу неговите двајца возачи, Шарл Леклер и Себастијан Фетел е предност за екипата и покрај контроверзните моменти кои се појавија сезонава. Со седум пол позиции и две побави, младиот возач од Монако беше подобро пласиран од двајцата на крајот од сезоната.

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

Нивната борба за превласт доведе до контакт и меѓусебна елиминација на Бразилското Гранд При, но шефот на тимот не е многу загрижен и смета дека ситуацијата им користи.

ако погледнам како двајцата возачи меѓусебно се однесуваат и работат еден со друг, партнерството е добро. има добра атмосфера, добар репер се еден за друг на квалификациите, а позитивно е кога едниот е разочаран поради тоа што е зад другиот.

по сите работи кои ги прочитавме во весниците извлечени од радио комнуникацијата ние не сме загрижени, всушност, сосема спротивно. имаме одличен тандем кој се разликува во однос на искуството, но на тоа гледаме како на предност – појасни биното.

Матиа смета дека и покрај тоа што лани имало контроверзни моменти помеѓу возачите, работата не излегла од контрола до тој степен да не може да работат заедно за доброто на тимот годинава.

мора да го прифатите нивниот однос затоа што е очигледно дека се врвни возачи кои се борат во најсилната категорија и даваат се од себе за да победат. за мене е важно да се разбере крајната цела и ситуација на трка.

расправија преку радио никогаш не е добра затоа што кога ст ево болидот никогаш ја немате целосната слика и се работи за доверба во тимот дури и ако погрешите, а возачите понекогаш грешат.

се работи за чистина и транспарентност пред трка и во текот на сезоната и без разлика со каква ситуација ќе се соочиме, заедно ќе ја надминеме.

НАЈНОВО

Одложено и Канадското Гранд При

Големата награда на Канада официјално е додадена на листата на одложени настани од Формула 1 календарот за 2020 година поради пандемијата на Ковид-19 вирусот...

популарно

Мерцедес ги поставија условите за нивното учество во Ф1

Шефот на Дајмлер, Ола Калениус, ги постави условите и правилата под кои Мерцедес би продолжиле во Формула 1. Иако никој не очекува шесткратните шампиони да...