Биното: Фокусиран сум на следната година, не на Хамилтон

Шефот на Ферари, Матиа Биното, по крајот на Големата награда на Абу Даби беше запрашан повторно околу Луис Хамилтон и можноста тој да одјде во Маранело, но швајцарскиот инженер изјави дека неговиот фокус не е Луис, туку следниот болид.

за мене во моментов клучно е да се сконцентрираме на следниот болид за 2020 година. приоритет е следниот болид кој веќе е во напредна фаза на развој, но сеуште има аеродинамикли концепти кои треба да се развијат.

имаме уште многу работа да завршиме и нема да одмораме по крајот на оваа тркачка сезона – појасни главниот и одговорен на тимот од маранело.

Тој потврди дека неговиот возач Себастијан Фетел е многу мотивиран пред следнта сезона кога сите почнуваат “од нула“ и нема сомнеж дека неговата иднина е со тимот.

беше многу важно да го видам шарл на подиумот затоа што имаше фантастична сезона и многу сум среќен поради него. себастијан е многу мотивиран и тоа го покажа во вториот дел од сезоната. останува со нас без сомнеж

НАЈНОВО

Чејс Кери смета дека има простор за уште неколку трки

Извршниот директор на Формула 1, Чејс Кери, е претпазлив со преголемо проширување на календарот, но смета дека има простор за уште неколку трки. Во 2020...
- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

популарно

Вилнев смета дека Леклер ги задржувал Ферари сезонава

Жак Вилнев смета дека нетрпеливиот Шарл Леклер ги задржувал и забавувал Ферари оваа тркачка сезона. Никогаш недокажаниот Формула 1 првак од 1997 година смета дека...