Богатството на Берни изнесува 3,1 милијарди долари

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

Поранешниот шеф и соптвеник на Формула 1, британецот Берни Еклстон, според проценките на Sunday Times Rich List, поседува богатство од 3,1 милијарди долари.

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

Со таквото богатство тој е 73ти најбогат човек во Велика Британија и има напредок од едно место во однос на ланската позиција. Додека тој шефуваше со Формула 1, тркачката серија беше сопственост во најголем дел на ЦВЦ Капитал кои ја продадоа на Либерти Медиа за 8 милијарди долари.

Дури и поранешната сопруга на Берни, Славца Еклстон родум од Хрватска, се најде на листата со лично богатство од 910 милиони долари, стекнато од разводот со сега 92-годишниот господин Е и таа е на 234то место.

На второ место на листата е сер Џим Ртклиф, сопственик на хемискиот гигант Инеос и на 1/3 од Мерцедес Формула 1 тимот со лично богатство од 29,5 милијарди долари, а неговиот напоредок е голем затоа што лани беше 27ми на листата.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

Ф1 промоции 2023

популарни вести

НАЈНОВИ ВЕСТИ