Ботас мисли дека не послушал тимска наредба: Нема да пропуштам никого

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -
- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

најново

ПАДОК КЛУБ

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

Валтери Ботас смета дека не послушал тимски наредби откако му било кажано да не го задржува Луис Хамилтон во вториот дел од Шпанското Гранд При.

Во 53от круг, финецот доби радио порака да го пропушти својот колега и д му го предаде 2то место откако седумкратниот првак беше во очигледна потера по водството на Макс Верстапен. Луис промени нови гуми 11 кругови претходно за да може да го нападне Ред Бул на крајот од трката откако претходно се доближи, но не успеваше да мине.

За волја на вистината, финецот не се помести од тркачката линија веднаш, туку на следниот правец направи место за колегата кој очигледно беше побрз. На почетокот од сезоната тој јасно рече дека нема да почитува тимски наредби без да го штити својот интерес.

дефинитивно можев да го пропуштам порано, но јас имав своја трка и секогаш има момент да се калкулира. во тој момент моја цел беше да го оставам леклер доволно далеку за да променам гуми колку што можам полесно, да можам да ја вратам позицијата и да поставам најбрз круг. мојата трка во тој момент беше пред се.

немаше многу разговор преку радиото, ми кажаа да не го задржувам премногу, јас имав своја трка и не сум овдека за да пропуштам било кого, туку за да се тркам – појасни валтери.

Ботас немаше директна борба со Хамилтон на оваа трка откако беше минат од Шарл Леклер на стартот што ја пореметила целата негова трка.

тоа што ме намачи беше фактот што загубив позиција од шарл во првиот круг, откако тој одбра подобра линија на минување во 3та кривина. тоа ми ја уништи трката, но задоволен сум што стигнав до подиум.

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -
- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

ПОПУЛАРНО

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

ПАДОК КЛУБ

повеќе на оваа тема