Ботас не е отстранет од состаноците на Мерцедес

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -
- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

најново

ПАДОК КЛУБ

Можеби ќе замине на крајот на сезоната од Мерцедес во Алфа ромео, но Валтери Ботас не е изолиран од состаноците на тимот колку што е тој свесен.

По пет сезони заедно, финецот и германскиот тим ќе се збогуваат едни со други на крајот на оваа сезона. Од 2022 година, тој ќе вози за Алфа Ромео, а возачот на Вилијамс, Џорџ Расел, ќе го превземе неговото место како колега на Луис Хамилтон.

Често кога на возачот му се гарантира дека ќе го напушти својот сегашен тим, тие ќе почнат да го вклучуваат се помалку и ќе му даваат помалку информации. Сепак, финецот вели дека ова не се случило со него и дека ништо не се променило од објавувањето на трансферот во Септември.

Да, јас сум на секој состанок на кој бев и порано во овие пет години – рече тој на прес-конференцијата по трката во Турција.

Ако има други состаноци, не знам за тие, така што за мене, се е нормално.

По суша која траеше повеќе од една година, Ботас ја оствари својата прва победа сезонава на Големата награда на Турција во доминантен стил. Тоа не беше совршен ден за Мерцедес, иако Луис Хамилтон заврши на петто место откако по стратешкото несогласување помеѓу него и тимот ја загуби шансата за подиум.

Со оглед на тоа што тој е фокусиран во борба за титула и Ботас си заминува на крајот на сезоната, многумина би помислиле дека Тото Волф и соработниците не би биле премногу среќни со тимскиот резултат на Истанбул Парк.

Од она што можеше да го каже, финецот мисли дека биле среќни што победиле и добро расположени.

Мислам дека тимот беше добар. Ништо навистина не се промени, се е нормално, тимот има добар дух во целина и ние сме навистина мотивирани до крајот на годината и работиме напорно како и секогаш.

Ги видов само од подиумот и кога излегов од болидот, очигледно беше добро. Да, сите изгледаа среќни.

Тој смета дека трката беше еден од неговите најдобри перформанси одамна и вели дека фактот што заминува е делумна причина за победата бидејќи сега е под помал притисок.

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -
- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

ПОПУЛАРНО

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

ПАДОК КЛУБ

повеќе на оваа тема