Ботас не размислувал да вози со истите гуми до крај

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -
- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

најново

ПАДОК КЛУБ

Валтери Ботас изјави дека никогаш не размислувал да вози до крај со гумите на кои ја стартувал трката за Големата награда на Турција. 

Но сепак, од другата страна во гаражата на Мерцедес, Луис Хамилтон се обиде да го направи тоа и не успеа бидејќи мораше да менува. Финецот извозе контролирана трка и стигна до победата, менувајќи гуми и враќајќи се на првата позиција. 

Јас никогаш не размислував да останам до крај на истите гуми, бидејќи во еден момент се случуваат вибрации и мора да се менува. Не знам за тимот, но јас знаев дека морав да ги променам гумите. Мило ми е што застанав – посочи валтери.

Ботас го направи истото што и Макс Верстапен и немаше грижа дали ќе биде престасан од возачот на Ред Бул. Шарл Леклер се обиде да оди до крај со само еден сет гуми, но не успеа бидејќи остана без грип и ја загуби позицијата. 

Очигледно Макс застана прв и ние го покривме и подоцна почнав да го стигам Шарл кој беше на првиот сет гуми. 

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -
- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

ПОПУЛАРНО

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

ПАДОК КЛУБ

повеќе на оваа тема