- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

Ботас победи на Пол Рикар Рели

Возачот на Мерцедес, финецот Валтери Ботас, стигна до победа на Rallycircuit Cote d’Azur кој се возеше на патеката Пол Рикар.

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

Пред почетокот на сезоната Ботас имаше претходен рели обид и заврши на 5то место на Арктик Лапланд Рели. По крајот на последната трка од календарот во Абу Даби, трка на која заврши на 4то место, финецот отпатува на патеката домаќин на Француското Гранд При на рели настанот кој се одвиваше два дена.

Валтери возеше Цитроен ДС3 и беше еден од тројцата кој користеше ВРЦ машинерија на рели трката од девет етапи.

Релите се вози околу автодромот Пол Рикар и ги користи околните пристапни патишта и инфраструктурата околу патеката, но и дел од самата патека.

Ботас заврши 50 секунди пред Роберт Косани кој управуваше со Шкода Фабиа Р5 додека Формула 2 пилото, Доран Бокалачи финишираше на 3то место, исто така со Шкода.

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

НАЈНОВО

Ботас: Не смеам да си дозволам трки без поени

Финецот Валтери Ботас призна дека не смее да си дозволи уште трки без поени, како онаа на Силверстон, во неговата борба за...

РЕЗУЛТАТИ

В. Британија: Хамилтон се довлечка до победа во драматична завршница

Луис Хамилтон стигна до својата трета последователна победа од сезоната и седма на Британското Гранд При поминувајќи ја финиш линијата на 3 тркала во...

популарно

В. Британија: Хамилтон се довлечка до победа во драматична завршница

Луис Хамилтон стигна до својата трета последователна победа од сезоната и седма на Британското Гранд При поминувајќи ја финиш линијата на 3 тркала во...