Ботас: Сигурната иднина ми овозможува да се фокусирам на тркањето

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -
- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

најново

ПАДОК КЛУБ

Валтери Ботас смета дека неговиот раст во перформанси и се подобри резултати на патеката се потпомогнати од тоа што неговата иднина во спортот е решена.

Финецот во најголем дел од сезоната се мачи да им докаже на своите шефови во Мерцедес дека заслужува договор за следната година, но тимот реши да го донесе младиот Џорџ Расел како колега на Луис Хамилтон следната сезона, а Ботас потпиша повеќегодишен договор со Алфа Ромео.

Откако неговата иднина во Формула 1 беше решена, освои пол позиција и победи на спринтот во Монца, освои поени во Русија и покрај тоа што имаше казна за промена на мотор и стартуваше од крајот, а победи од пол позиција во Турција. Последните трки освои вкупно 51 поен, повеќе од 36те кои ги освои Верстапен и 35те кои ги освои Хамилтон.

секогаш сум ја имал потребната самодоверба, но ибаво е да се победи и да се знае дека сум способен за тоа затоа што мина доста време. да бидам искрен, по монца се чувствувам многу релаксирано и можам да се фокусиран само на возењето и тоа многу ми помага – откри валтери.

И покрај тоа што финецот нема да биде дел од тимот од Бракли догодина, односот на тимот кон него не се промени и тој сеуште учествува на сите состанотци со тимот.

сите во тимот се одлични и ништо се нема променето, се е нормално, расположението е одлично и треба да останеме мотивирани во остатокот од годината и д продолжиме да давем се од себе. јас учествувам на секој состанок  како и минатите пет години, се е нормално.

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -
- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

ПОПУЛАРНО

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

ПАДОК КЛУБ

повеќе на оваа тема