Бразилскиот суд го суспендираше договорот на Сао Паоло со Ф1

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -
- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

најново

ПАДОК КЛУБ

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

Договорот помеѓу Формула 1 и новиот промотор на трката во Сао Паоло на Интерлагос се соочува со пречка откако Судот интервенираше и привремено го суспендираше договорот.

Одлуката произлегува од правен проблем во врска со употребата на јавни средства за обезбедување на трката и нивото на транспарентност околу договорот. Во Декември минатата година беше објавено дека тогашниот извршен директор на Формула 1, Чејс Кери, потпиша петгодишен договор со нов промотор и дека трката повеќе нема да биде позната како Бразилско Гранд При.

Претходната зделка, договорена со Берни Еклстоун, ја остави Формула 1 да не добива надоместок во последните неколку години. Тој договор истече во 2020 година, иако лани немаше трка поради пандемијата. Откако плановите за трка на предложената нова патека во Рио не се реализираа, Кери мораше да најде начин да ја задржи Формула 1 на Интерлагос, но со друг промотор.

Договорена е зделка за трката да ја води новоформираната компанија наречена Бразил моторспорт, која е поддржана од владата на Абу Даби преку својот инвестициски фонд Мубадала. На чело на Бразил моторспорт е поранешниот натпреварувач во едрење во Олимпијада, Алан Адлер, кој долго време се занимаваше со промовирање на големи настани во Бразил, вклучувајќи рок концерти, емисии во Сирк ду Солеј, голф турнири и предсезонски НБА натпревари.

Промената на името во Гранд При на Сао Паоло го одразува новото ниво на поддршка од градот, што беше клучно за новиот договор, како што беше случај минатата година со трки како Стирија, Тоскана и Емилија Ромања, што пак на сите им помогна со регионална поддршка.

Вистинската природа на финансиската поддршка од Сао Паоло подоцна стана јасна во правните документи кои откриваат колку плаќа градот, имено 3,65 милиони долари годишно во текот на пет години од договорот. Претходно, јавната поддршка беше проширена само на плаќање за реновирање на местото на одржување на трката на Интерлагос.

Со сега откриените финансиски информации, договорот е оспорен со јавна петиција. Правната постапка е поддржана од локалниот советник и адвокат Рубенс Њунез, кој на Твитер го напиша следното:

Формула 1 е важна за Сао Паоло и за Бразил, јас сум навивач, но тоа не го овластува градот да склучува договори без наддавање , под тајност и со компанија без искуство во областа, создадена само пред неколку дена за ова – вели адвокатот.

Договорот е суспендиран од судијата Емилио Миглијано Нето, во очекување на понатамошна истрага.

Фактите откриваат, без сомнение, барем во оваа фаза, дека принципите на јавност и транспарентност се кршат на експлицитен начин.

поради отсуство на наддавање исто така има потреба да се суспендира извршувањето на договорот, за да се процени дали имало ефективно ресурси за покривање на трошоците детално наведени во потпишаниот договор. Властите во Сао Паоло сега имаат рок од пет дена да достават релевантни документи.

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -
- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

ПОПУЛАРНО

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

ПАДОК КЛУБ

повеќе на оваа тема