Бразил: Луда, луда, луда трка со 1-2 за Хонда

Големата награда на Бразил како од соништата, луда трка, неверојатен финиш, откажување во Мерцедес, катастрофа во Ферари, победа на Верстапен со второ место за Хонда и Гасли, а Хамилтон само 3ти.

Макс Верстапен стигна до својата 7ма победа во кариерата на јунилејот од основањето на Хонда моторспорт. Пјер Гасли заврши нецел метар пред Хамилтон за второ место. Саинз од старт од 20та позиција стигна до 4то место, Алфа Ромео дојдоа до двојни поени со 5то и 6то место.

Стартот навести интересна трка затоа што Фетел тргна силно, но закочи прерано на првата кривина плашејќи се од дуел со Хамилтон кој од 3то место напредуваше експресно до 2ро превземајчи ја позицијата на Ферари. Шарл Леклер од позадина ги мина Даниел Рикардо и Ландо Норис и на крајот од првиот круг веќе беше 11ти.

Следуваше “нижење“ на Леклер кој во 3от круг ги мина Џовинаци и МАгнусен и веќе дојде на 9то место, во 5от круг го претекна Гросжан за 8мо, а два круга подоцна и Кими Раиконен позиционирајќи се на 7мо место. Во 10от круг го мина и Пјер Гасли и дојде веднаш зад возачите од топ 3 екипите.

Во 8от круг Даниел Рикардо и Кевин Магнусен имаа борба и контакт, австрлаијанецот се обиде од внатре да мине при што иницираше контакт и заврши во боксот експресно по нови гуми и предно крило, а дополнително доби и казна од 5 секунди.

Луис Хамилтон ја отвори серијата менување на гуми кога во 20от круг влезе по нови софт, круг по него истото го стори и Макс Верстапен кој поради недозволеното пуштање на патеката на Роберт Кубица од страна на Вилијамс ја загуби позицијата од возачот на Мерцедес. Во тој момент двајцата водечки излегоа зад Шарл Леклер кој се возеше на 4то место, но експресно го минаа најпрво него, а потоа и Александер Албон. Во 23от круг Верстапен агресивно нападнa и го мина Хамилтон враќајки си ја позицијата.

Во 25от круг по медиум влезе и Александер Албон, следниот круг и Себастијан Фетел го стори истото,  а круг по нив во гаража дојде и Ботас кој промени, но на хард.

Во 29от круг Себастијан Фетел беше мирно пропуштен од Шарл Леклер кој мирно возеше со својот прв сет медиум и следниот 30ти круг реши да влезе во гаража и да промени на хард излегувајќи зад сите од топ 3 екипите.

Валтери Ботас по се изгледа сфати дека ја погреши стратегијата и во 42от круг влезе по нови гуми, монтираше медиум, но заглави зад Леклер кој иако беше побавен од него не го пропушташе и му загуби доста време.

Во кругот број 43 Хамилтон влезе по свежи медиум, а не губејќи време следниот круг тоа го направи и Макс Верстапен кој си ја задржа предноста пред Луис. Кругот број 50 Фетел промени на софт, а следниот и Албон го стори истото.

Валтери Ботас веќе 10тина кругови го “бркаше“ Леклер и не можеше да го стигне, неговиот мотор прегреа и почна да чади по што во 52от круг се паркираше крај патеката и се откажа. Финецот за прв пат сезонава поради дефект се откажа од трка откако не заврши и во Германија каде заврши во ограда.

Валтери непрописно застана на патеката и донесе безбедносно возило кое го искористи најпрво Верстапен кој влезе и промени на софт, враќајки се на 2то место, а следниот круг промени гуми и Леклер и се врати на 5то место.

Кругот број 59 беше моментот кога безбедносното возило се повлече од патеката и следуваше луд рестарт кој го поведе Луис Хамилтон. Британецот премногу тактизираше и намали речиси “до нула“, но Верстапен го мина уште на првата кривина, а од позадина Албон го мина Фетел за 3то место.

Себастијан неколку кругови се обидуваше да го нападне Албон, но немаше сила за тоа се до 67от круг кгоа и самиот под ДРС на стартната рамнина беше минат од колегата Леклер. На следниот правец по есовите на Сена тој имаше ДРС и се обиде да си ја врати позицијата, но беше несмасен, “цимна“ во лево, му јскрши суспензијата на колегата, а потоа ја дупна и својата гума. Очај во Ферари, многу работа за Биното и двајца ултра себични возачи. “Лудаците“ во Ферри донесоа и безбеднонсо возило.

Следниот 68ми круг поради скршено предно тркало се откажа и Ленс Строл.

Хамилтон го искористи безбедносното возило за да промени на нови софт и да се врати на 4то место. Рестарт повторно страшно атрактивен, Верстапен “летна“ напред, а Хамилтон експресно го мина Гасли за 3то место. Следуваше дуел Луис – Албон кога британецот го допре Ред Бул и го изврте на патеката. Контактот сеуште е под истрага.

До крајот Хамилтон не успеа да го мине Гасли и заврши нецел метар за него кога минаа преку финиш линијата

Феноменална 1-2 за Хонда, прва победа за јапонскиот производител по 1991 година кога триумфираше Аиртон Сена.

НАЈНОВО

Диетата на Хамилтон виновна за физичкиот и ментален успех

Луис Хамилтон понуди нови детали во врска со тоа како неговата диета базирана на растителна храна му помогнало да реши многу здравствени проблеми со...
- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

популарно

Леклер го задржува подиумот, 50.000 евра казна за Ферари

Шарл Леклер избегна дисквалификација од резултатот на трката во Абу Даби и ќе го задржи третото место на подиумот, но Ферари се казнети а...