0 ден

Нема производи во кошничката.

Бразил, спринт: Расел, Саинз и Хамилтон најбрзи

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

Џорџ Расел победи на денешниот спринт и дојде до 8 поени пред возачот на Ферари Карлос Саинз и својот колега Луис Хамилтон.

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

Шпанецот Саинз има казна од 5 позиции во пресрет на утрешниот старт, така што утре ќе гледаме сребрен прв ред, додека Верстапен и Саинз ќе тргнат од вториот.

Во пресрет на стартот на спринт трката, единствено второпласираниот Макс Верстапен и Николас Латифи од Вилијамс беа на медиум компонента, а останатите беа на црвените софт.

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

Водечките тројца си ги задржаа позициите по стартот на трката, Магнусен моќно тргна и не остави просторникој да го загрози, а болидите на Алпин имаа жесток дуел за 6то место. Дуелот во Алпин донесе оштетено предно крило за Нандо кое мораше да се замени, по што шпанцот падна на последно место. По крајот на првиот круг во топ 10 немаше ниту една промена на позициите, а Џорџ Расел жестоко го напаѓаше Верстапен кој беше на побавни медиум.

На крајот на првиот круг, Верстапен го превзема водството од Магнусен на стартниот правец, а зад нив, Хамилтон го мина Окон за 6то место. На крајот на следниот круг, К-Маг беше минат и од Џорџ Расел доста лесно на старниот правец без користење на ДРС, а во пресрет на 3от свиок и Саинз мина со користење на ДРС.

На почетокот од 6от круг и Луис Хамилтон го мина Кевин Магнусен и го спушти на 5то место, а во позадина напредуваа Леклер и Перез, тргнаа од 9то и 10то место и напреднаа по две позиции.

На почетокот на 8от круг, Чеко Перез го нападна и мина Ландо Норис за 6т оместо и следна следн цел за него беше освојувачот на пол позицијата, Кевин Магнусен кого го мина на почетокот од следниот круг на главниот стартен правец и мексиканецот се позиционираше на 5та позиција со Луис Хамилтон пред себе.

Во кругот број 9 имаше жесток дуел помеѓу Ленс Строл и Себастијан Фетел во Астон Мартин додека двајцат асе тркаа под ДРС, а канаѓанецот претерано агресивно затвори. На на главниот правец на крајот од истиот круг, Себ го мина колегата. За агресивниот маневар, Ленс доби 10 секунди казна на своето време.

На почетокот од 12от круг, Расел жестоко го нападна Макс Верстапен кој уште пожестоко и поагресивно го бранеше своето водство и успеа да го одбрани. Следниот круг следуваше идентична борба помешу двајцата, но наместо до 3та кривина траеше две кривини повеќе, а исходот исти, Макс си ја одбрани позицијата.

Во 15от круг Расел повторно нападна, но остана долго зад Макс во пресрет на 3та кривина и успеа да го мине и да го превземе водството. Зад нив, Карлос Саинз се најде под притисок од Луис Хамилтон.

На почетокот на 19от круг Карлос Саинз го мина Верстапен и не му дозволи да си ја врати позицијата агресивно затворајќи го внатрешниот дел на следната кривина. На следниот ДРС правец, холанѓанецот беше нападнат и од Луис Хмилтон, но го зааштити своето тогаш 3то место иако се разлетаа делови од неговото предно крило. На следниот правец на почетокот од 10от круг, Хамилтон го мина Верстапен за 3то место.

Но истиот 20ти круг, Ландо Норис го претекна Кевин Магнусен и го спушти данеот на 8мо место, последно кое носи поени на спринт трка.

По 24 одработени спринт кругови, Џорџ Расел пред Карлос Саинз и Луис Хамилтон во топ 3, така и ќе стртуваат утре, додека тандемот на Ред Бул беше 4ти и 5ти, Макс Верстапен пред Серхио Перез. Шарл Леклер заврши на 6то место, додека Ландо Норис и Кевин Магнусен беа последни кои освоија поени.

Image

СЛИЧНИ ВЕСТИ

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

ПОПУЛАРНИ ВЕСТИ

НАЈНОВИ ВЕСТИ