- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

Брандл смета дека Фетел “ќе лета“ по разделбата со Ферари

Стручниот коментатор на британски Sky, Мартин Брандл, смета дека разделбата на Себастијан Фетел и Ферари на крајот на оваа година може да го мотивира германецот да “лета“ по патеките оваа сезона.

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

За време на паузата предизвикана од пандемијата, Фетел и Ферари се договорија да не продолжуват заедно догодина, а многумина сметаа дека тоа ќе биде демотивирачки за четирикратниот шампион во пресрет на сезоната. Но, Брандл смета спротивно, дека Себ ќе биде ослободен и ќе се препороди.

да бидам искрен, мислам дека фетел “ќе лета“. во минатото многу малку обрнуваше внимание на тимските наредби кои му ги даваат ред бул додека возеше со вебер и ферари додека возеше со лекер лани. тоа повторно нема да го интересира, ќе вози за себе, немам сомнеж во тоа. сметам дека има намера да остане дел од формула 1, но дали сака да вози за рено, само тој тоа го знае.

мислам дека ќе изгледа моќно на патеката годинава и дека не загубил воопшто од својата брзина. можеби има загубено малку чувство при борбите, но тоа ќе му се врати. сигурно е дека ферари ќе го фаворизираат леклер годинава, но во одредени наврати и лани го правеа тоа – анализира брандл.

Британецот наведува дека ситуацијата во Маранело ќе биде чудна, да се има возач за кој се знае дека заминува, но тоа ќе се компензирало со фактот што сезоната ќе биде многу куса и набиена.

влегувате во гаражата и одеднаш сте непожелна личност затоа што никој не сака да ви каже ништо за следната година, логично оти заминувате во друга екипа. се работ иза ситници, но луѓето не се искрени со вас затоа што се на излезна врата.

кога прв пат доаѓате во екипа, ситуацијата е целосно различна, доаѓате во фабриката и сите ви се радуваат што ве гледаат. ве мрат за седиште и сите гледаат кон иднина со вас. неудобно е кога заминувате, но мислам дека врзаните трки и густиот распоред ќе му помогнат многу.

себ мислам дека ќе биде многу брз, но каде ќе оди следно и дали сака да оди во друга екипа е големо прашање. дали е задоволен со четирите титули и парите во банка, знае само тој. го има семејството и самиот треба да одлучи дали има мотив да вози во екипа надвор од топ 3 тимовите. исто така треба самиот да одлучи за страста кон спортот.

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

НАЈНОВО

Марко изненаден од се посилниот Мерцедес

Доктор Хелмут МАрко смета дека Ред Бул Хонда заостануваат поради неочекувано големиот напредок на Мерцедес со нивниот мотор сезонава. “Биковите“ се надеваа дека Макс Верстапен...

РЕЗУЛТАТИ

Штаерска: Доминантна 1-2 на Мерцедес и пропаст во Ферари

Откако стана првиот возач кој 14 сезони по ред освојува пол позиција на некоја трка, Луис Хамилтон дојде и до својата 85та победа во...

популарно

🎥 360 степени од болидот на Албон … Луис за казна си

Формула 1 ја објави снимката од камерата со приказ од 360 степени од болидот н Алекс Албон на која се гледа како младиот британец...